Компании кои успешно го завршиле периодот на инкубација:


4ВИРТУС.ЦОМ Д.О.О СКОПЈЕ

4Виртус.цом е компанија специјализирана за развој на веб базирани решенија и мобилни апликации, коишто се во функција на подобрување на функционирањето на бизнис процесите. Во склоп на компанијата функционира и оддел за креативен дизајн и дигитален маркетинг. Специјализирани сме за следниве области:

  • веб апликации, хостирање и оддржување
  • мобилни апликации за (iPhone и Android)
  • дигитален маркетинг (СМС маркетинг, е-маил маркетинг, маркетинг на социјални мрежи, оптимизација на пребарувачи).

 


+389 (0)2 3103 661

http://www.4virtus.com

ALG-STORE

ALG-store претставува организација создадена врз основа на 30 годишно искуство од областа на инжeнерството и информатичката  технологија. Ние сме организација што се фокусира на поедноставување на работите што ни овозможува да погледнеме наназад и да се почувствуваме задоволни од сработеното. Започнавме со работа верувајќи дека можеме да придонесеме многу  и да создадеме голема ефикасност со цел нашите клиенти да поминуваат повеќе време со нивните семејства. Денес, нашата мисија се усоврши во „Big Data“ светот, каде што успешно  имплементираме холистички решенија опфаќајќи ги сите перспективи на  една организација од вработени до ресурси.  Нашите софтверски решенија ви овозможуваат да ја водите организацијата на централизиран  начин. Целокупниот механизам се создава врз основа на централизираните податоци  кои воедно се и почетна структура на системот; од детали за вработените во една организација, до нивните работни места , обврски и процеси.


+389 78 729 236

http://www.alg-store.com

CODECORDIA

Ние сме компанија за веб решенија, дигитален маркетинг, гарфички дизајн и сервер решенија. Основани сме во 2013 и одтогаш ги опслужуваме нашите корисници со високо-квалитетни решенија. Нашето работење е засновано на високи стандарди, експертиза, искуство и професионализам. Ги опслужуваме нашите клиенти со најдобрите решенија и го поедноставуваме нивното работење.
Доколку се соочувате со проблем од областа на информатичката технологија, се наоѓате на вистинското место. Проверете ги нашите понуди и уживајте во новото лице на технологијата. Уживајте со “Intelligent Technology”.

 


+38972238405

http://codecordia.com

CODEIT SOLUTION

Кодит солушн развива уникатни и иновативни софтверски решенија и наменски софтвер за бизнис решенија или за индивидуалци. Го анализираме процесот на работа и врз основа на тоа го развиваме софтверското решение да се задоволат барањата и потребите на клиентот и ги проучуваме можните начини за да ја зголемат нивната продуктивност и за да реализираат повеќе профит. Процесот на развој на софтвер на Кодит вклучува собирање на потребни барања, сублимирање на сите информации за на крај да произлезе оптимално решение, кое е микс од нашата  експертиза, проектирање и менаџирање со проектите и задоволството на клиентите. Кодит Солушн има големо знаење и докажана експертиза во развојот и одржувањето на бизнис апликации нуди и други софтверски услуги: Веб апликации, Outsourcing, E-Commerce, апликации, Мобилни апликации, Консалтинг.
 

 


+38922445977

http://www.codeit.mk

CYBER SECURITY

САЈБЕР е специјализирана во областа на информатичката и сајбер/кибернетичка безбедност како дел од националната безбедност,
сајбер/кибер напади, сајбер/кибер конфликти, меѓународна безбедност, сајбер/кибер тероризам, критичната инфраструктурна безбедност,
информатичко војување, процена на ризикот, идентитет / управување со ризик, свеста за сајбер/кибер безбедноста, стратегија-рамка и социо-технички аспекти. Покрај тоа, ние нудиме решенија за создавање на безбедни динамични веб страници.
 


+38970334856

http://www.cybersecurity.mk

EWORLD COMMUNITY

Организацијата за подобро информатичко општество “еСвет”, е меѓународна организација која ја сочинуваат висококвалификувани специјалисти за развој и изработка на идејни софтверски решенија, нивна подршка и одржување од областа на информатичко комуникациските технологии која веќе е докажана во својата дејност во приватниот, комерцијалниот и едукативниот сектор во изминативе 2 години. Основањето на Организацијата за подобро информатичко општество “еСвет” претставува уникатно решение за глобална испорака на софтверски производи не само затоа што што брои повеќе од 50 членови уште од 2011, туку истите припаѓаат на различни етнички групи, националности, држави и региони во светот, допринесувајќи за сплотување и обединување на мултиетничките заедници ширум светот преку испраќање на јасна порака за зеднички напредок со синергизирана работа во своето поле на експертиза. Досегашната работа на разни проекти им овозможи на членовите да ги доразвијат своите вештини и знаења притоа следејќи ги најновите трендови на имплементација на новите технологии во секој проект. 


+38978754890

http://www.eworldcommunity.org

FINANCE ACADEMY

Finance Academy нуди двомесечен курс, поделен во три дела, кој ги опфаќа главните препреки кон пристигнувањето до високо лукративни работни позиции на глобалните финансиски центри.
Поконкретно, курсот е прво интегрирано решение на пазарот за кариерно советување специјализирано на финансискиот сектор, кое опфаќа преглед на најповолните кариерни можности (инвестициско банкарство, менаџмент консалтинг или Big 4 фирми) и позиционирање кон нив преку напредна подготовка на академските тестови GMAT и TOEFL, професионални сертификати (CFA/ACCA), одбрани пракси/работни искуства, како и таргет пост-дипломски програми.
Воедно, нашите клиенти имаат бенефит не само од напредни предавања кои ги одржуваат инструктори со докажан резултат на самите тестови, туку и се стекнуваат со нови перспективи релевантни за нашиот регион преку guest lectures од македонски студенти кои се имаат пробиено како професионалци на некои од претходно споменатите позиции.


+389 23 103 674

http://www.financeacademy.mk

MCODERA

mCodera е компанија која развива ентерпрајз софтвер производи. Компанијата се фокусира кон развој на масивни системи базирани на Java технологии. Тимот во mCodera поветува дел од своето време за унапредување и помагање на дел од open source технологиите кои ги користи. Најголемиот дел на експертизата на тимот во mCodera лежи во билинг решенија за голем број на корисници (large scale), Telco билинг решенија, вклчувајќи MVNO/MVNE билинг и билинг со претплата.


+38970563236

http://www.mcodera.com

NETCRACKER

NetCracker е докажан партнер на телекомуникациските и кабелските провајдери и нуди сеопфатни услуги за испорака за оптимизирање на претпријатието.


+1 (781) 419-3300

http://www.netcracker.com

OPTICALLER

OptiCaller е Шведска компанија чија визија е да биде водечки провајдер на софтвер за мобилен PBX (Mobile Extensions), со што ќе се зголеми мобилноста на луѓето, а при тоа ќе се има контрола на цената. Opticaller апликација е дизајнирана главно за мобилни телефони. Му овозможува на корисникот да прави интернационални и роаминг повици на флексибилен и многу поефтин начин споредено со решенијата што ги нудат мобилните оператори и со многу подобар квалитет споредено со Viber, WhatsApp или Skype.
Ако сте препродавачи или работите со продажба на бизнис решенија кои се базирани на IP Centrex, тогаш OptiCaller апликацијата е идеална, бидејќи ја зголемува мобилниста и нуди голем број на сервиси до кои може да се пристапи преку мобилниот телефон. Истовремено нашето патентирано решение овозможува уникатно намалување на цената за интернационални и роаминг разговори од 35%-95%, во зависност од начинот на кој е воспоставен повикот. OptiCaller апликацијата е дизајнирана за Android, iPhone, Symbian, Blackberry и Windows Mobile, но исто така е достапна и како веб апликација.

Innotel е нов ОТТ телекомуникациски сервис провајдер, кој им овозможува на компаниите да ги намалат телефонските сметки од 40% до 95%, со користење на иновативна технологија која работи без проблем со веќе постоечката инфраструктура и не бара никакви дополнителни инвестиции. Innotel е избран за победник на Red Herring Top 100 Europe Award 2014.

 


+38975795611

http://www.opticaller.se

PHOTOGIFT

PhotoGift е прва македонска фото-маркетинг агенција. Промовира и презентира производи, воспоставува врски меѓу брендовите и нивните клиенти независно од отворениот медиум. Со помош на културни и забавни теми врши рекламирање во разни настани. Користејќи го најновиот метод во маркетинг светот, фото-маркетингот,PhotoGift им овозможува на компаниите со помош на мал буџет да се рекламираат на многу ефикасен начин.


+389 2 3222 542

http://www.photogift.mk

PRYM APPS

PrymApps е компанија основана 2013 година.

Основна дејност на PrymApps е развој на case management софтверски решенија. Првиот производ на PrymApps е case management решение за адвокатски канцеларии и корпоративни правни служби – Aspectal. Aspectal им овозможува на корисницитe (адвокати и правници) детална контрола на активностите и документацијата за случаите кои ги обработуваат,  креира база на сите учесници и релевантни институции во врска со судските предмети, креирa потсетници за наредни активности во нивните календари, го забележува потрошеното време и соодветно креира фактури и создава база на знаење од претходните предмети.

Покрај основната дејност, PrymApps нуди и консултантски услуги од областа на позиционирање и маркетирање на  ИТ производи и решенија.


02

http://www.prymapps.com

RETELL

 Ретел е Англиска компанија основана во 1986. Компанијата произведува и продава опрема за снимање на телефонски повици и IVR, најмногу во Англија, но и на светските пазари. Ретел им помага на сите компании да ја подобрат ефикасноста, ефективноста и продуктивноста на телефонските линии. Ретел им овозможува на компаниите да имаат преглед на квалитетот на телефонските разговори, лесно да ги решат телефонските проблеми како и да осигурат одлична услуга од страна на вработените.


+3893108892

http://www.retellrecorders.co.uk/en

SAKAMPOPUST.MK


 

Филозофијата на нашата компанија е многу едноставна:  ги третираме нашите корисници на начин на кој и ние сакаме да бидеме третирани. Ова се сведува на неколку клучни аспекти: 

 

o    Нудиме промоции кои и самите би ги користеле.

o    Без финти.

o    Неверојатна грижа за корисници.

 

Како и кај секоја успешна компанија, вработените се највредното што оваа компанија го поседува. Се што гледате во СакамПопуст е рефлексија на интересите и амбициите за нешто подобро, на нашиот прекрасен персонал. 


+389 75 33 00 36

http://www.sakampopust.mk

SMART SERVICES LTD

Smart Services Ltd е фирма регистрирана во Англија со силна база на клиенти во Велика Британија, Европа и САД.


Smart Services дизајнира, изработува и хостира iPhone и Android апликации, во основа целиот процес од цртање на хартија, изработка, па се до подигнувањето нa апликациите во Apple App Store и Google Play.

Имаме изработено повеќе од 120 мобилни апликации за различни видови на клиенти во голем број на индустриски сектори најмногу во транспорт / такси индустријата.

Продажната канцеларија нa Smart Services се наоѓа во Лондон, Англија со производство во Скопје, Македонија.

 


+38923103677

http://www.smartservicesltd.com


Страна 1 од 4 Прва Претходна Следна Последна