Skip Navigation LinksПочетна / Инвестирање

Инвестирање

Ние сме агрегатор на млади и иновативни претприемачи! Погледни одблизу во нашата мрежа на бизниси!

Зошто ПСМ Фондација?


Во бизнис инкубаторт на ПСМ Фондација моментално има главно ИКТ ориентирани стартап и други компании. Во изминатите 16 години од основањето на инкубаторот, ние како организација, заедно со компаниите кои се дел од нас постигнавме извонредни резултати. Новоформираните компании достигнаа развој во однос на покриеноста на пазарот, обртот на капиталот, можноста за проширување и слично. Дипломираните фирми кои го поминаа двегодишниот период на инкубација, се уште работат успешно и надвор од нашиот инкубар. Некои од нив своите производи и услуги ги пласираат исклучиво на далеку поконкуретните странските пазари.
Зошто да инвестирате во мали бизниси?
Од вкупните деловни субјекти во Македонија 99% отпаѓаат на микро и малите компании. Токму овие мали компании го креираат најголемиот дел од националната економија! Најдобрите идеи се раѓаат токму во преприемничките потфати. Бенефициите се неспорни: флексибилност во однос на трошоците, можностите за диверзификација, раководењето и комуникацијата.

Помагајќи ги малите бизниси, им се овозможува финансиски „лост“ кој резултира со повисоко ниво на развој. Се со цел, подоцна заедно да ги ползувате бенефитите од зголемените продажби на поголемиот број задоволни купувачи.

Ви звучи ветувачки?
Закажете информативен состанок