Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Бесплатен настан за развој на мобилни апликации со вредни награди

14.03.2013

 

Кога: 13 и 14 април 2013 

Локација: ФОН Универзитет Скопје 

Учество: БЕСПЛАТНО (оброци се покриени од организацијата) 

Веб сајт: http://skopje.ecahack.com/ 

Пријавување на: http://skopje.ecahack.com/account/ 

Тема за мобилни апликации: отворени владини податоци (open data government)

 
Учесниците на ecaHack Скопје 2013 ќе имаат можност да разменуваат идеи, концепти и проекти во насока на креирање на модерни и корисни мобилни апликации за оперативен систем по сопствен избор. Хакатонот има за цел да привлече млади ентузијасти кои со помош на присутните ментори пиксeлите на мобилните уреди ќе ги претворат во високодинамично и интерактивно искуство за корисниците, ќе ги презентираат своите изработени апликации и со тоа ќе се натпреваруваат за фондот на награди.

Најдобриот тим на настанот ќе биде награден со:

 

  • Шест месечно менторство од страна на ECAbit (ECAbit.org) мрежата во вредност од 5.000 евра
  • Покриени трошоци за учество на регионалниот натпревар за мобилни апликации во Букурешт - ecaHack
  • 2 Developer Alpha Blackberry уреди
  • Alcatel One touch 997

 

Победниците на регионалниот настан во Букурешт ќе бидат наградени со 3 месечен Процес на Акцелерација со поддршка од најдобрите ментори од Силиконската долина, Израел и Берлин со цел основање на глобално успешен бизнис.


За повеќе информации за ecaHack следете ги новостите на веб страната
http://skopje.ecahack.com/, Facebook настанот или контактирајте не на contact@yes.org.mk

 

Идеи за мобилни апликации можете да добиете на следниве линкови: