Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Панел: Промовирање на социјален и економски развој со отворени податоци (open data)

02.04.2013

Го најавуваме панелот „Промовирање на социјален и економски развој со отворени податоци (open data)“ кој ќе се одржи на 13 април на ФОН Универзитет во рамки на дводневниот настан за развој на мобилни апликации, ecaHack Skopje 2013.

 

Учесници во панелот се Иво Ивановски (Министер за Информатичко Општество и Администрација); Кристофер Ивон (Амбасадор на Велика Британија) и Денис Бошковски (Светска Банка Македонија).

 

Отворените владини податоци (open data) се значаен владин ресурс за промовирање на претприемништво, иновации, научни откритија и јавни сервиси. Македонија го започна процесот на приклучување кон Партнерството за отворена влада (ПОВ) во 2011 година. Стратешкиот акционен план на владата се очекува да даде видливо подобрување во животот на граѓаните. Крајната цел е создавање на инфраструктура од јавни податоци кои ќе бидат искористени од страна на млади претприемачи за креирање на нови идеи и развивање на иновативни бизниси.

 

Панелот ќе се одржи на ФОН Универзитет на 13 април од 13 до 14 часот.

 

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на панелот треба да се пријават на yes@yes.org.mk со назнака „пријава за панел отворени податоци“.

Местата за панелот се ограничени!