Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Интегрирани акредитирани обуки за ISO9001, ISO14001, OHSAS18001 и ISO50001

10.06.2015

 „МОБЕС КВАЛИТЕТ“ под акредитација на Exemplar Global (RABQSA и iNARTE) oд 24-ти до 27-ми јуни 2015 година, организира интегрирани акредитирани обуки за имплементатори, интерни и екстерни ревизори за стандардите, на теми:

 

Систем за управување со квалитет - ISO9001;
Систем за управување со заштита на животна средина - ISO14001;
Систем за управување со безбедност и здравје при работа - OHSAS18001;
Систем за управување со енергија - ISO50001.



Обуките ќе им овозможат на кандидатите на успешен и флексибилен начин да го усовршат своето знаење и да стекнат нови и вештини во совладувањe на предизвиците што ги нудат стандардите ISO9001, ISO14001, OHSAS18001, ISO50001.

 

Цели и предности на обуката:
- Целта на обуката е да учесниците се оспособат да имплементираат, организираат и спроведуваат интерни/екстерни проверки на менаџмент системи, со соодветна компетентност и ефикасност во реализација на истите;
- Обуките се интегрирани т.е. се користи концептот на интегриран менаџмент систем, разбирање и предности при имплементација и сертификација на менаџмент системите во организациите;
- Обуките се под акредитација на Exemplar Global (RABQSA и iNARTE), меѓународно позната организација за акредитирани обуки на менаџмент системи;
- Разбирање на принципите, методите, процедурите и техниките на проверка и користење при проверка на ISO9001, ISO14001, OHSAS18001, ISO50001;
- Скрипта и книги за менаџмент системи.

 

Обуката се препорачува за:
- Директори, менаџери и кординатори на организации одговорни за квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа и менаџмент со енергија;
- Менаџери за човекови ресурси, проектни менаџери
- Експерти за екологија, безбедност и здравје при работа и управување со енергија;
- Консултанти за менаџмент системи;
- За сите заинтересирани лица кои што сакаат да напредуваат во своjата професионална кариера и студенти.

 

Корист од обуката:
- Интегрирана акредитирана обука (разбирање на заедничките барања на стандардите);
- Обуката се состои од практични работилници што им овозможува на учесниците да ги совладаат техниките на имплементација, интерна проверка и управување со тимот на оценувачи, изработка на програма за проверка, комуникација со клиенти, решавање на проблеми;
- Разбирање на стандардот за ревизија ISO19011:2011;
- Меѓународно признати сертификати.

 

Повеќе информации (место, цена и пријава) можете да добиете на телефон: 02 5297 705, мобилен: 075 531 077, e-mail: info@mobeskvalitet.mk, mobes5@yahoo.com и web: http://mobeskvalitet.mk/