Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

„Т-Маил“: Персонализирано учење преку иновативна мобилна апликација

21.06.2016

„Т-Маил“ (t-MAIL) е проект финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската Унија, преку кој ќе се развие мобилна апликација за персонализиран развој на учителите и саморегулиран процес на учење од страна на учениците. Мобилната апликација е наменета за основните училишта, а во моментов се дискутира нејзиниот прв прототип во Виена, од страна на организациите кои партнерски го спроведуваат овој проект.


 

Прочитајте повеќе за позадината при развојот на „Т-Маил“ проектот и начинот на кој ги сумира најновите истражувања во образовните процеси, учењето преку мобилни апликации и професионалниот развој на учителите на: http://www.tmailproject.eu/theoretical-framework/

 

Оваа недела е всушност лансирана официјалната веб страница преку која може да се информирате за проектот: http://www.tmailproject.eu/, а и преку социјалните мрежи, на следните линкови:

https://www.facebook.com/T-Mail-project-1715345092072318

https://twitter.com/EUtMAIL

 

Ве покануваме да ја споделите информацијата со вашите соработници кои би биле заинтересирани да бидат дел од пилотирањето на апликацијата и да ја користат самите тие (учителите), но и да ја понудат на нивните ученици.

 

ПСМ Фондација од Р. Македонија е проектен партнер во проектот „Т-Маил“.