„Теледискоунт“ Дооел Скопје е кол центар кој се занимава со маркетинг услуги и врши продажба на производи на природна база. Отворена е работна позиција: управител – менаџер.
Опис на задачите:
- Административни работи и координација во зависност од потребите на кол центарот;
- Контрола на квалитет и контрола на ефикасност на операторите;
- Анализа на статистички податоци и изготвување на извештаи;
- Организација на внатрешна комуникација во кол центарот;
- Почитување на стандардите на компанијата.
Потребни квалификации:
- Одлично познавање на англиски јазик (пожелно и руски);
- Работа со компјутери (word, excel);
- Работа под притисок;
- Аналитички ум;
- Искуство како раководител;
- Искуство со деловна комуникација и поднесување на извештаи;
- Адаптација кон различни побарувања.
Испратете ја вашата биографија (CV) на англиски најдоцна до 08.07.2016 на е-маил: a.gavrikov@calleraltd.com.