Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Фондација Претприемачки сервис за млади објавува ОГЛАС за вработување на определено време

04.08.2016

Проектен асистент

(1 позиција)

 

Фондација Претприемачки сервис за млади распишува конкурс за вработување на проектен асистент на определено време (септември 2016 - август 2017) .

Потребни квалификации

·        Високо образование

·        Работно искуство во сферата на невладиниот сектор

·        Искуство во планирање и реализација на настани и конференции

·        Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми

·        Одлично познавање на англиски јазик

·        Познавање на MS Office програмите и Интернет

 

Главни задачи и одговорности

·        Одговорен за комуникација со целните групи на фондацијата

·        Одржување контакти со медиуми

.        Обезбедување на видливост на активностите на фондацијата

·        Помош при подготовка на проектни апликации

·        Организација на обуки и настани за потребите на организацијата

·        Одржување на веб страните и социјалните медиуми на фондацијата

·        Организација на сите информациони активности поврзани со фондацијата

·        Подготовка на програми за настани

 

Профил на личноста

·        Самоиницијативност

·        Одлични способности за планирање и организирање

·        Комуникациски способности

·        Тимски работник

·        Способност за работа под притисок и кратки рокови

 

Вашата професионална биографија на англиски јазик испратете ја на info@yes.org.mk со назнака „За оглас за проектен асистент“ најдоцна до 12.08.2016.

 

Напомена:

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.