Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Обука за креативни претприемачи

04.10.2016

                 

        

 

                  

  

Дали имате 21 до 30 години? Имате идеја за креативен бизнис? Дали имате намера да почнете или од скоро сте започнале свој бизнис? Дали сте дел од некој бизнис инкубатор или акцелератор, а при тоа имате и солидно познавање на англискиот јазик?

 

 

Ве покануваме да се пријавите на бесплатна тридневна обука за млади претприемачи во Скопје од 8 до 10 ноември 2016 година, која ќе ја води сертифициран обучувач на Неста од Велика Британија. Повикот се однесува за претприемачи кои делуваат во некој од креативните сектори, како што се дефинирани во листата на креативни индустрии  во Велика Британија.

 

Не ја пропуштајте и можноста, преку учеството на оваа обука, да се натпреварувате со бизнис идеи и да победите!

 

За повеќе информации, погледнете го описот на обуката и пријавете се  најдоцна до 16 октомври 2016 година.

 

Оваа обука има за цел да даде поддршка на младите луѓе од регионот да започнат свој бизнис, како и да ги унапреди нивните вештини за вработување преку квалитетна програма на обука и искуства од Обединетото Кралство. Обуката е бесплатна за сите избрани кандидати и трошоците за нивниот учество ќе бидат целосно покриени.

 

Дознајте повеќе на www.westernbalkanstartups.com

 

 

Превземи документ

 

 Creative Enterprise Programme brief