Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Натпревар за старт-ап компании Get in the Ring 2016 & Startup Europe Awards 2016

05.10.2016

На 19.10. 2016 година на Скопскиот саем, за време на ТЕХНОМА и МАКИНОВА, и како предвесник на економскиот Самит на Македонија2025, ќе се одржи финалето на два глобални натпревари за старт-ап компании. Настанот е  во организација на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Македонија 2025.

 

 Get in the Ring 2016 (GITR2016-Macedonia)

 

Во изминатите години, Get in the Ring прерасна од локален настан за презентација на бизнис идеи, во глобален натпревар за стартапи, во чија организација учествуваат повеќе од 130 партнерски организации. Оваа година, петтиот по ред натпревар ќе привлече финалисти од преку 100 земји (повеќе информации: https://getinthering.co/). Во финалето за GITR2016-Macedonia имаат право на учество сите старт-апи што не се постари од 5 години, кои имаат иновативна идеја, сакаат да го развијат својот бизнис и бараат инвеститори, односно партнери за својот бизнис. Get in the Ring е познат по уникатниот формат на натпреварување, каде што два стартапи буквално се соочуваат во боксерски ринг.


Победникот добива можност да се презентира на светското финале .

 

Организаторите го покриваат патот за финалето. Очекувајте и дополнителни награди од спонзори.

 


Startup Europe Awards 2016

 

 

Натпреварот Startup Europe Awards 2016, кој е организиран од страна на Finnova во соработка со Startup Europe, ги избира и наградува локалните претприемачи кои се движечка сила за претприемачката култура во Европа (http://startupeuropeawards.com/). Овој натпревар се стреми да придонесе кон градењето на интегриран европски екосистем кој ги обединува локалните претприемачки екосистеми во европски Стартап континен

 

На ниво на Европска комисија натпреварот ќе се одржи во следните категории: Екологија,  Информациски и Комуникациски Технологии, Енергија, Туризам, Паметни градови, Креативни индустрии и Водата во одржливите системи.

 

Наградените старт-ап компании ќе добијат награден пакет кој се состои од:


 

·   - Учество на Европското финале и влез на церемонијата каде ќе се доделуваат наградите во просториите на Eвропската комисија.

·      - Менторска програма во Брисел (за Европски фондови, тренинзи, визибилити, лобирање, итн.) со цел да се доразвие старт-ап компанијата на победниците за да биде остварлива на Европско ниво.

·     - Видео со pitch (презентирање) за секој од наградените стартапи, снимено од страна на Финова (Finnova). Во однос на             видливоста на претприемачите, SEUA ќе креира блог на кој ќе се споделуваат новости и настани поврзани со активностите на     стартапите, како на пример: промотивни средби, инвестициски собири, најава на настани и сл.

 

 

 

Пријавувањето за двата натпревари е до 14 октомври 2016 на следниот линк:  www.getinthering.co/macedonia  (истата пријава важи и за двата натпревари)

 

Контакти: канцеларија на НЦРИПУ, info@ncdiel.mk, тел. 070 332 930. Канцеларија на Македонија 2025, office@macedonia2025.com, тел. 02 3218 631