Датум: 5-7 октомври, 2016 година
Локација: Хотел Пела, Охрид
Официјален јазик: македонски
Фондација за менаџмент и индустриско истражување во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија, во периодот од 5-7 октомври во Охрид организира мултиетнички младински претприемачки камп за млади претприемачи.
Претприемачкиот камп има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и вештините на избраните млади претприемачи за тоа како успешно да раководат со сопствениот бизнис и како да остварат иден понатамошен раст и развој преку воспоставување на стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општини. Програмата на кампот ќе опфати теми за развој на претпримачки капацитети (одржливост на бизнис модел, потрошувачи, комуникација, институционална соработка и сл.) и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање (дефинирање на проблем, дефинирање на цел, креирање ефикасна порака, креирање мрежи и коалиции, креатори на политики и сл.).
АГЕНДА
Среда, 5 октомври 2016
|
11:00 – 12:00
|
Регистрација на учесници
|
12:00 – 12:15
|
Поздравен говор од организаторот
|
|
БЛОК 1
|
12:15 – 13:45
|
Тема 1: Од идеја до реализација
Тема 2: Дизајн на претприемачки процес
|
13:45 – 14:45
|
Пауза за ручек
|
|
БЛОК 2
|
14:45 – 16:15
|
Тема 3: Креирање на идеален потрошувач
Тема 4: Канали на дистрибуција
|
|
БЛОК 3
|
16:15 – 17:45
|
Тема 5: Одржливост на бизнис модел
Тема 6: Управување со преминот од стартап до вистинска компанија
|
Четврток, 6 октомври 2016
|
|
БЛОК 4
|
09:30 – 11:00
|
Тема 7: Канали со комуникација
Тема 8: Институционална соработка
|
|
БЛОК 5
|
11:00 – 14:00
|
Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки
|
14:00 – 15:00
|
Пауза за ручек
|
|
БЛОК 6
|
16:00 – 17:30
|
Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки (продолжува)
|
Петок, 7 октомври 2016
|
|
БЛОК 7
|
09:30 – 11:00
|
Тема 10: Вмрежување
|
11:00 – 11:30
|
Затворање на обуката
|
|
БЛОК 8
|
12:00 – 15:00
|
Посета на културни знаменитости
|
15:00 – 16:00
|
Ручек
|
* Програмата на кампот е поделена во блок сесии. Паузи ќе бидат организирани по потреба за време на сесиите.
Детали за учество
Учеството на претприемачкиот камп не се наплаќа. Трошоците за сместување во еднокреветна соба (на 5-6 октомври), патување (во висина на автобуска карта) и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Право на учество
Сопственици на компанија без ограничување на индустриската област.
Процес на аплицирање
Сите заинтересирани треба да ја пополнат следната форма за регистрација и да ја испратат на е-мејл aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 27ми септември. Бројот на учесници е ограничен на 25!