Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Учество и презентација на ПСМ Фондација на „Контакт“ 2017

21.04.2017

 ПСМ Фондација учествуваше на третиот Саем за вработување и пракса „Контакт“ кој се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје од 19 - 21 април 2017. Пред огромен број посетители на саемот, во најголем број студенти, професори и чинители од академскиот и бизнис сектор, ПСМ Фондација оствари успешна презентација на колаж од можности, меѓу кои обуки, огласи за вработување, тековни проектни активности, мобилни алатки и други сервиси.

 

На штандот на ПСМ Фондација на тридневниот настан, беа презентирани услугите на ПСМ бизнис инкубаторот и тематски обуки за ИТ, графички дизајн, личен развој (повеќе информации може да се пронајдат на www.pretpriemac.mk). Потоа, модерни мобилни алатки во oбразованието, со посебен фокус на иновативната мобилна апликација за учители, која се изработува во рамки на проектот T-Mail и ќе биде достапна и на македонски јазик (повеќе и на www.tmailproject.eu). Воедно беа претставени и сервисите и проектните активности поврзани со Мрежата за млади претприемачи (www.yes-network.org).