Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Завршна конференција „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“

05.05.2017

На 10-ти мај, со почеток од 11.30ч, во Дом на културата во Пробиштип, ќе се одржи завршната конференција на тема „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“. Конференцијата е дел од проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, имплементиран од партнерските организации: ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, најдобрите практики од пилотираните мерки од областа на младинските политики на локално ниво од општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане. Дополнително како дел од конференцијата ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд“.

Презентација на клучните реализирани активности и спроведените предлог-мерки преку локални проекти на граѓанските организации ќе биде извршена пред релевантни стејкхолдери, претставници на граѓански организации, претставници на општините кои работат на полето на креирање младински политики, но исто така млади лидери и претставници од бизнис заедницата.
 
Агендата за настанот можете да ја превземете на следниот линк.
Датум и час: 10.05.2017 (среда), од 11.30ч
Локација: Дом на култура, Пробиштип

Пријавете учество на следниот линк.
За потврда на вашата резервација за учество, очекувајте повратен меил од страна на организаторите.
Проектот покрива патни трошоци во висина до 11 евра бруто по лице (со приложен доказ за превоз).

Проектот е финансиран од Европска унија.

http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/04852/Images/Pocetna/flag_yellow_eps.jpg
Проектот е имплементиран од: