Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

18.10.2017

Компанијата xSoft (www.xsoft.mk) има потреба од проширување на тимот. Потребен е нов вработен кој ќе работи на продажба на веб-сајтови од Вебстриан платформата (www.webstrian.mk).
 
Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
 
Потребни квалификации:
- Поседување на продажни вештини
- Познавања од областа на интернет технологиите
- Познавање на англиски јазик
- Одлични комуникациски вештини
- ​Искуство во продажба од областа на софтверските технологии ќе се          смета за предност
 
 Опис на работно место:
- Продажба на веб-сајтови од Вебстриан платформата
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на     продажбата
- Развивање и одржување на односите со клиентите, комуникација со           постоечки и потенцијални клиенти
 
 Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија                       на 
xsoft@xsoft.mk.