Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за странски експерти за реализација на обуки

27.02.2018

 

ПОВИК ЗА СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКИ

Преговарачко Поглавје 20 за членство во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика

 

Насоки за апликантите

 ПСМ Фондација објавува повик за интернационални експерти од Европската унија за реализација на обуки, со следните барања:

 

ВОВЕД

  

Фондација за Претприемачки сервис за млади со адреса на ул. 16-та Македонска Бригада бр. 13Б, 1001 Скопје, имплементатор на проектот „Јакнење на капацитетите и еханизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“ финансиран од Европската унија, објавува повик за интернационални експерти од Европската унија за реализација на обуки во областа на преговарачкотоп Поглавје 20 за членство во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика.


Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.

 

Целта на обуките е зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за креирање политики, вмрежување и следење на политиките од Поглавје 20 на национално и локално ниво, градење нови вештини и знаења кои се важни за процесот на пристапување во ЕУ.

 


ТЕМИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКИ


   1 (еден) обучувач за реализација на обука „Evidence-based industrial policy“

          1 (еден) обучувач за реализација на обука Innovation policy & assessment“

          1 (еден) обучувач за реализација на обука Disigning smart specialization strategy

 

** Апликантите можат да изберат да аплицираат за една или повеќе обуки

 


 ОПИС НА БАРАНИТЕ УСЛУГИ

 

Таргет група на обуките се граѓански организации кои се активни во областа на Поглавје 20 - Претпријатија и индустриска политика.

 

Тренерот ќе биде ангажиран во времетраење од 5 дена, од кои 4 дена за подготовка на програмата и материјалите и 1 ден за реализација на обуката. Индикативниот временски рок за реализација на обуките е од март до мај 2018 година. Обуките ќе бидат одржани во Скопје, Македонија.

 

Патни трошоци и дневници за 2 дена за секој тренер ќе бидат покриени од страна на изведувачот. Целокупната организација на обуките, вклучувајќи логистика, наоѓање обучувачи и промоција на обуката, е одговорност на изведувачот.

 

Избраните обучувачи е потребно:


- Да подготват програма и работни материјали за обуката според упатствата на изведувачот

- Да  подготват прашалник за евалуација на учесниците, со цел да го оценат нивното ниво на задоволство и корисноста на програмата за обука

- Да спроведат обука за 25-30 учесници, во рок од 1 работен ден

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИКАНТИ

 

Од апликантите се бара да ги испратат следните документи како дел од нивната пријава:


- CV

- Листа на референци

- Предложена програма за обука (теоретски и практичен дел)

- Трошоци за услугата (бруто износ вклучувајќи персонален данок), за секој ден, за вкупно 5 дена

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

 

Следниве критериуми за оценување ќе се користат за оценување на примените апликации:

 

1.     Релевантно искуство – 10 поени

2.     Листа на референци - 10 поени

3.     Предложена програма за обука – 40 поени

4.     Трошоци за услугата – 40 поени

 

ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Апликантите треба да ги достават своите апликации со комплетната документација по електронска пошта до sofija.cali@yes.org.mk најдоцна до 09.03.2018 година (петок) со назначување на темите за обука за кои аплицираат (кандидатите можат да аплицираат за една или повеќе обуки). Нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид.

 

Целосниот повик за аплицирање може да го најдете на следниот линк.

 

 

ИНФОРМАЦИИ

 

За повеќе информации, обратете се на sofija.cali@yes.org.mk  или на тел. +389 2 3108 891.

Лице за контакт: Софија Кали Кузманова, проект менаџер, ПСМ Фондација.

 

 

„Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“

  Проектот е финансиран од Европската унија, преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2015, а го имплементираат проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.

 

 

 

Проектот е финансиран

од Европската унија