Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Партнерски состанок за јакнење на капацитетите на младинските граѓанските организации

30.03.2018

 

Партнерскиот конзорциум составен од претставниците на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и Младинскиот културен центар од Битола, го одржаа првиот состанок за планирање на активностите во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, поддржан од Европската унија.

 

Минатиот петок, на 23.01.2018, во Скопје, во просториите на ПСМ Фондација, проектниот тим разговараше за следните чекори кон реализација на претстојните активности и остварување на проектните цели. Во следниот период во фокус ќе биде подготовката на тренинг програма за градење на капацитети и вештини за креирање младински политики, како и нивно застапување и лобирање.


Тренинг програмата ќе биде подготвена од страна на искусни експерти, а се очекува да ги вклучи следните поврзани теми:

 

  • Развивање на стратегија за вклученост во креирањето на младински политики;
  • Истражување и анализа;
  • Идентификување на потребите на заедниците (на локално и национално ниво), со посебен фокус на социо-економската состојба на младите луѓе;
  • Чекори во политичките процеси и процесите на донесување одлуки;
  • Финансиска одржливост и финансиска писменост;
  • Релевантни области на истражување на политиките;
  • Анализа на постоечките политики;
  • Дисекција на иницијативи за застапување и лобирање. 

 

Тренинг програмата ќе претставува основа за реализацијата на три 2-дневни обуки за градење на капацитети и вештини за креирање младински политики, како и нивно застапување и лобирање; организирани за вкупно 45 претставници на граѓанските организации. Се очекува обуките да се одржат во текот на пролетта оваа 2018 година, а ќе биде проследен и отворен повик за пријавување на учесници. 


Сите поврзани информации во врска со проектните активности ќе бидат тековно објавувани преку веб страницата на Мрежата за поддршка на млади претприемачи www.yes-network.org. Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации од територијата на целата држава да се вклучат во проектот и да ги искористат можностите кои ќе ги понуди, меѓу кои дополнително и:

 

  • Онлајн курс со лесен пристап до програми, препораки, добри пракси, како и корисни линкови и водичи за креирање младински политики, развој на вештини, како и меѓусебна комуникација и размена на искуства; во кој ќе бидат вклучени 30 граѓански организации, со цел да се промовира одржлива платформа за младинското влијание во формулирањето на младинските политики;
  • Водич со современи методологии и техники за развој на вештините за лобирање и застапување, како и активно учество во креирањето на младинските политики, што ќе биде дисеминиран до 300 граѓански организации;
  • Три настани за вмрежување за 45 претставници на граѓанските организации и 6 претставници на релевантни државни институции, на кои ќе бидат промовирани 6 најдобри пракси и ќе бидат одржани 60 состаноци за соработка.

 

Севкупниот осврт на главните цели и таргет групи на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, може да го проследите на следниот линк:


http://www.yes-network.org/vest-statija/60334/otvoreni-mozhnosti-za-jaknenje-na-kapacitetite-na-gragjanskite-organizacii-za-unapreduvanje-na-kreiranjeto-na-mladinski-politiki

 
Контакт лице за дополнителни информации:
Оливера Аритоноска, olivera.aritonoska@yes.org.mk, 076 403 999