Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Обука “Финансирање на проекти за истражување и иновации преку ЕУ прoграмата Хоризонт 2020“

15.08.2018

Датум: 20 и 21 септември 2018 година
Локација: Стопанска Комора на Македонија (Бизнис сала - 5 кат)

 

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за мали и средни претпријатија за учество на дводневна обука за финансирање на проекти за истражување и иновации преку програмата Хоризонт 2020. 


Програмата Хоризонт 2020 претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржува истражувањето и иновациите, со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност. Располага со буџет од над 70 милијарди евра и ќе трае до 2020 година. Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи: универзитети, истражувачки центри, лаборатории, мултинационални компании, мали и средни претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани, јавена администрација, фондови, локална самоуправа, и други. Програмата поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, зајакнување на меѓународните мрежи, стекнување на нови знаења и експертиза како и кофинансирање на одредени активности во јавниот сектор.

 

За кого е наменета обуката?
Обуката таргетира мали и средни претпријатија со висок потенцијал за иновациска дејност.

 

Цели на обуката
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се здобијат со практично знаење за:
• Структурата на програмата Хоризонт 2020
• Процедурата за аплицирање и соодветни програмски документи
• Разбирање на поделбата на задачи и обврски во рамки на конзорциум
• Дефинирање на проект во согласност со очекувањата на Европската Комисија

 

Агенда

 

20 септември

09:30 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 11:30 Вовед во програмата Хоризонт 2020
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:30 Приоритети и повици во рамки на програмата Хоризонт 2020
13:30 – 14:30 Пауза за ручек
14:30 – 15:00 Стратегии за Хоризонт 2020
15:00 – 16:00 Процес на аплицирање
16:00 – 16:30 Кафе пауза
16:30 – 18:00 Процес на аплицирање (продолжува)

 

21 септември
08:30 – 09:00 Регистрација на учесници
09:00 – 11:00 Процес на аплицирање (студија на случај)
11:00 – 11:30 Кафе пауза
11:30 – 13:00 Договор за позадина
13:30 – 14:30 Пауза за ручек
14:30 – 15:30 Сопственост и заштита на резултатите, ЕУ видливост
15:30 – 16:00 Кафе пауза
16:30 – 18:00 Трансфер и лиценцирање на резултати


Обучувачи
Проф. Мијалче Санта - Економски Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Проф. Снежана Билич - Меѓународен Балкански Универзитет

Проф. Теодора Георгиева - International Business School, Botevgrad, Bugaria

 

 

Процес на аплицирање
Сите заинтересирани компании треба да ја пополнат следната форма за регистрација најдоцна до 10 септември 2018 година. 

На обуката може да учествува само еден претставник по компанија. Бројот на учесници е ограничен на 25.

 

Детали за учество
Учеството на обуката не се наплаќа.

 

 

Проектот е имплементиран од: