Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за ангажирање надворешен експерт за МСП Инструмент (SME Instrument)

24.10.2018

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ

за набавка на услуга – надворешна експертиза за одржување обука „МСП Инструмент“

Инструкции за понудувачи

 

ВОВЕД

Фондација Претприемачки Сервис за Млади (Нарачател), со седиште на 16та Македонска Бригада 13Б, 1000 Скопје, го спроведува проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ финансиран од Европската Унија, објавува Повик за ангажирање надворешни експерти за одржување на тридневна обука МСП Инструмент (SME Instrument) за мали и средни претпријатија.

 

ПРЕДМЕТ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА НАБАВКА

Предмет за договорот за набавка е ангажирање на 1 (еден) надворешен експерт за подготовка на програма и одржување на обука на тема „МСП Инструмент – подготовка на апликација за фаза 1“ каде ангажманот на експертот е во времетраење од 4 дена - 1 ден е предвиден за подготовка на материјали и програма за обуката, а 3 дена се предвидени за одржување на обуката.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата во месец ноември 2018.

Нарачателот го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга.

 

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 05.11.2018. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Целосното барање може да го преземете на следниов линк.