Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади објавува конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ и организира три информативни денови за сите заинтересирани компании на 5ти април во Штип, 10ти април во Скопје и 12ти април во Охрид кои треба да се пријават на следниов линк.
Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Овој конкурс ги препознава и наградува иновативните компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година). Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории: старт-ап, мала и средна компанија. Конкурсот е отворен за сите индустриски сектори.
Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај во Скопје. Добиените средства компанијата ќе може да ги искористи за следниве цели:
• Заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата
• Посета на меѓународни саеми, конференции, б2б настани
• Купување опрема
Компаниите треба да аплицираат преку пополнување на форма за апликација во зависност од типот на нивната иновација и пополнетата апликација да ја достават на info@yes.org.mk најдоцна до 25 април. Повеќе информации можат да бидат побарани на contact@yes.org.mk или на 02 3108-891.
• Форма за апликација - Иновација (производ/услуга)
• Форма за апликација - Иновација (процес)
Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории:
1. Најиновативна старт-ап компанија
• Не постара од 5 години од датумот на објавување на повикот, т.е. регистрирани по 20.03.2014 година
• < 10 вработени
• ≤ 50.000 ЕУР бруто годишен приход, изразен во МКД
2. Најиновативна мала компанија
• ≤ 50 вработени, (и)
• ≤ ЕУР 2 милиони годишен приход изразен во МКД и ≤ ЕУР 2 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива) изразен во МКД (или)
• Просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е помала од ЕУР 2 милиони изразен во МКД
3. Најиновативна средна компанија
• ≤ 250 вработени, (и)
• ≤ 10 милиони ЕУР годишен приход, изразен во МКД, (или)
• < ЕУР 11 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива), изразен во МКД
* Класификацијата е направена согласно Законот за трговски друштва.
Индикативна временска рамка
• 29 април – 3 мај Фаза 1 (Административна проверка)
• 06 мај – 17 мај Фаза 2 (Пред-селекција): Теренска посета на апликанти
• 20 мај – 27 мај Фаза 3 (Селекција): Квалитативна евалуација од комисија за избор
• 29 мај Прогласување на победници на манифестација „Иновативно претпријатие на годината “
Правила и услови на конкурсот
• Конкурсот е отворен само за македонски компании, т.е. компании регистрирани во државата.
• Иновацијата со која компанијата аплицира не треба да биде постара од 3 години, т.е. да биде лансирана на пазарот во периодот од 2016 до 2018 година.
• Една компанија може да поднесе само една апликација. Доколку компанијата сака да аплицира со повеќе иновации во тој случај во апликацијата треба да се наведат сите иновации.
• Сите заинтересирани компании треба да аплицираат најдоцна до 25ти април 2019.
• Компаниите по завршување на рокот за аплицирање ќе бидат контактирани за интервју каде ќе треба да ја претстават својата иновација.
• Прогласувањето на победниците ќе се одржи на манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината“ на 29 мај во Скопје.
• Со самото аплицирање на конкурсот се согласувате да бидете дел од промотивна кампања на конкурсот и Вашите контакти да бидат споделени со јавноста.
• Комисијата за оценување на апликантите ќе биде составена од претставници на релевантни чинители во областа на иновациите.
Напомена: Финансиските податоци на фирмата ќе бидат третирани со највисока доверливост и ќе бидат споделени само со членовите на комисијата за евалуација.
Конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“ е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија.
Проектот е имплементиран од:
Поддржано од: