Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Успешна реализација на финалната конференција на проектот ЈЕСНетворк+

13.05.2019

 

Финалната конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија, беше успешно одржана на 08.05.2019, во хотел Солун во Скопје.

Конференцијата насловена „Важноста на Поглавје 20 за процесот на приклучување кон ЕУ“ ја проследија 55 учесници, од кои претставници на Владата, Министерството за економија, универзитети, компании, консултанти, претставници од граѓанскиот сектор и медиумите.

На настанот успешно се презентираа резултатите и придобивките од проектот, се промовираше и првиот ресурсен центар на Платформата Поглавје 20 www.poglavje20eu.org, а воедно се направи промоција и на креираните едукативни видеа, прирачници и документи за политики кои беа достапни и во печатена форма за време на настанот.

На конференцијата со индивидуални презентации настапија и граѓанските организации (регрантисти) - имплементатори на осумте национални проекти кои беа финансирани преку грантовата шема на проектот. 

 

Проектот кој започна со имплементација во мај 2017 година, придонесе да се постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители како и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.

За време на две годишниот период на имплементација на проектните активности, беа вклучени повеќе од 270 учесници, односно 170 организации, институции и останати чинители. Платформата организираше вкупно 13 настани, 6 обуки и вебинари, се креираа 6 едукативни видеа, 3 прирачници и 13 документи за политики и публикации. Дополнително, се имплементираа 8 регрантирани проекти, а се публикуваа повеќе од 400 објави на веб страните и социјалните медиуми.

 

 

Проектот го имплементираа партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.