Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Интервју со Ирина Велевска од Омега Рисрч- Најиновативната стартап компанија за 2019

12.06.2019

Националниот натпревар Иновативно претпријатие на годината е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Во конкуренција на 31 компанија кои зедоа учество на националниот натпревар, беа одбрани најдобрите компании од три категории кои добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари, средства обезбедени од град Скопје.

Во категоријата најиновативна стартап компанија, наградата ја понесе Омега Рисрч со иновацијата „Иднината на козметиката“, станува збор за 100% органска, јадлива и вкусна козметика. Оваа година производите на Омега почнаа да се продаваат и во Словенија и Хрватска каде компанијата се вклучи во еколошката акција – за свет без пластика.



Во продолжение следува интервју со г-а Ирина Велевска, Извршен директор на Омега Рисрч.

Кои услуги ги нуди вашата компанија?

Омега Рисрч е претпријатиеосновано во Октомври 2014 година но активно започнува со работа во Јули 2015 година. Како главна дејност на компанијата е производство на козметички производи, со главен фокус на производство на посебен тип на козметика наречена ЖИВА козметика која е изум на компанијата. Живата козметика е посебен вид на органска козметика која се приготвува нa 36ºC а се приготвува исклучиво од природни хранливи компоненти како овошја, билки и зеленчук. Омега нуди вкупно 92 производи за нега на коса, нега на лице, нега на тело како и иновативна медицинска козметика која третира Акни, Целулит, Псоријаза, Егземи и Брчки. Дел од производите на Омега имаат и сладок вкус и се безбедни дури и за консумација.

 

Што е тоа што ве прави препознатливи и ја издвојува вашата компанија од конкуренцијата?

На пазарот постојат постојат 3 вида на козметика: Хемиска или конвенционална козметика, Природна козметикаи Органска козметика. е тип на органска козметика, со разлика што не содржи преработки, се изработува од овошја и зеленчук во свежа форма ( на пример свежо цеден сок од лимон), содржи 0% конзерванси а сепак рокот на траење и е до 3 години. Тоа ја прави многу постабилна од било која друга органска козметика. Живата козметика се произведува на 36°С што овозможува истата да ги задржи сите нутритенти (на пример витаминот Ц кој се губи во останатите типови на козметика како термо лабилна компонента- се деградира на 60°С при што може и да се консумира, а некои од производите имаат и сладок вкус. Живата козметика е изум на Омега на кој што сме особено горди.
 
Добитник сте на признание и награда за ,,Иновативно претпријатие на годината 2019”, во категорија стартап на национален натпревар. Кои се вашите импресии од натпреварот и стекнатото признание?

Бевме многу изненадени поради неочекуваната награда но тоа само ја зголеми гордоста која ја чувствуваме за иновацијата која ја создадовме. Нашата идеја досега победуваше на неколку натпревари како Лидер Проектот организиран од “EVEY BUSINESS SCHOOL CANADA” во посредство на организацијата MACEDONIA 2025, но да се добие признание за “Иновативно претпријатие на годината 2019” e особена гордост за целиот тим на Омега Рисрч.

 

Кои се вашите мотив и инспирација за спроведување на иновација од ваков тип?

Мотивите за создавање на иновација од овој тип беа чисто научни. По завршувањето на студиите работев на Фармацевтскиот факултет во Скопје како асистент на професорите на катедрата по Фармацевтска хемија. Работејќи на проблематиките на предметот “Дизајн и Метаболизам на Лекови” често пати работев на испитување на козметички производи. Поттикната од бројните студии кој укажуваат на невротоксичност на козметичките производи како канцерогеноста на Метил Парабенот, пореметувањето на ендокриниот систем кој го предизвикува оксибензенот (СПФ фактор), уништувањето на очните нерви кој го предизвикува бронополот (конзерванс во детските креми), дојдов на идеја за создавање на производ кој ќе биде самоконзервирачки, најхранлив и 100% нетоксичен и 100% јадлив.



Кои се идните планови за вашата компанија? Што понатаму на полето на иновацијата која ја спроведувате?
Најпрво како цел е да се доврши детската јадлива козметика која ќе биде прва козметика од овој тип во светот и плановите за изнесување на пазарот се до мај 2020 година. Два месеци подоцна ќе претставиме сосема нов тим на иновација базирана на молекуларна вода во козметички производи, исто така прва во светот од органски и медицински карактер.