Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ОБУКА: Стани успешен е-претприемач! Отвори твој е-бизнис!

17.07.2019

 

Датум: 06 и 07 август, 2019
Времетраење: 16:30 – 19:30
Локација: ПСМ Фондација, 16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
Обучувач: Дамјан Дано, ко-основач и партнер на IWM Network
Котизација: Обуката е бесплатна за учесниците, а е финансиски поддржана од Град Скопје.

ЗА ОБУКАТА

Со оглед на динамичниот тек на развој и имплементација на технологијата, светот станува се подинамичен, а купувачите имаат се поголеми барања. Со достапноста на мобилните технологии, се поголем дел од купопродажбата на светско ниво се одвива преку интернет. Со развојот на е-трговијата, бенефитите за бизнисите се огромни, со тоа што ќе овозможат поголемо присуство на домашниот и на странските пазари, се намалуваат трошоците на залиха и евентуални закупнини и одржување на физички продавници.  

Независно дали веќе имате основано он-лајн бизнис, е-продавница или пак сакате да го надградите веќе постоечкиот бизнис, оваа обука ќе ви овозможи да се запознаете со основите на е-трговија, како да ја поставите вашата е-продавница и како да изградите препознатлив бренд на вашиот е-бизнис.

Во рамките на дводневната работилница, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни да го разберат, истражат и имплементираат концептот на е-трговија во нивните бизниси, а со тоа ќе ја зголемат продажбата и ќе остварат сигурен раст на компанијата.

Учесниците ќе ги запознаат перспективите и предизвиците на е-бизнис решенијата, влијанијата врз целокупниот бизнис, како имплементацијата на е-трговијата подразбира интегрирање со останатите апсекти на социјалните медиуми, дигиталениот и мобилниот маркетинг. Воедно ќе можат да научат повеќе за одржување на е-продавницата и безбедносните мерки кои треба да се превземат при креирање на ваков тип бизнис.
По завршувањето на обуката учесниците ќе имаат можност да се пријават за менторски сесии, преку кои можат да креираат акциски планови за развој на сопствениот бизнис.   

ЗА ОБУЧУВАЧОТ

 

Дамјан Дано е ко-основач и партнер на IWM Network, ИКТ компанија основана во 2008 год. со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да го разберат променливиот дигитален свет и да ги искористат неговите предности на паметен начин. Во последните 10 години, Дамјан работеше на развој на IWM Network под модел на дигитална холдинг компанија која во своето портфолио на бизниси вклучува повеќе брендови, компании и стратешки партнерства. IWM Network има опслужено повеќе од 100 домашни и интернационални компании и организации. 

 

Листата на неговите стручности вклучува: дигитална бизнис трансформација, веб дизајн и развој, е-трговија, развој и консалтинг за blockchain, дигитален маркетинг, ИТ безбедност итн. Дамјан има повеќе од 15 годишно искуство во ИКТ секторот и има гостувано како говорник, панелист и предавач на повеќе настани кои го покриваат дигиталниот и бизнис сектор.

 

Дамјан е член на Управен одбор на Асоцијација за е-Трговија на Македонија, а претходно бил член на Извршен одбор и на Надзорен одбор на ИАБ Македонија. Пред основањето на IWM Network, Дамјан ја основа првата компанија за интернет безбедност во Македонија, Net Security Solutions, и работи како консултант за дигитална маркетинг агенција базирана во Њујорк со портфолио на клиенти како Lufthansa, DirectTV, Avec Eric, Anomaly и со тим распространет на 3 континенти.

 


Агенда – 06 август 2019
 

16.30 – 16.45 Интро + Запознавање
16.45 – 17.30 Основи на е-трговијата
17.30 – 18.15 Локални и глобални трендови во е-трговијата
18.15 – 18.30 Кафе пауза
18.30 – 19.30 Основи на електронска продавница


Агенда – 07 август 2019
 

16.30 – 17.45 Оддржување на електронска продавница
17.45 – 18.30 Справување со предизвици (ИТ безбедност, измами...)
18.30 – 18.45 Кафе пауза
18.45 – 19.30 Канали за промоција на е-продавница


Пријавување на следниот линк!


Рок за пријавување најдоцна до 30.07.2019.
Информации на trainings@yes.org.mkили на телефон 02 3103 660.

Поддржано од Град Скопје, имплементирано од ПСМ Фондација.