Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ПСМ Фондација дел од CEI4SDGs во Обединети нации во Њујорк

21.08.2019

Во рамките на овогодинешниот Политички форум за одржлив развој на ОН, Извршниот Секретаријат на Централно Европската Иницијатива во соработка со италијанската мисија во ОН на 17 јули го организираа придружниот настан „ Придонесот на регионалната соработка и партнерство кон имплементацијата на агендата 2030: искуство на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ).

Настанот одржан во седиштето на ОН во ЊуЈорк имаше за цел да размени знаење, искуства и добри практики од регионалните соработки помеѓу релевантните страни за достигнувањата од Агендата 2030 на ОН и целите на одржливиот развој. Претставничката од Италија, Мариангела Запиа во својот говор ја потенцираше улогата на Италија како основач и моментален претседавач и важноста да се претстави 30 годишното искуство на Иницијативата пред Обединетите Нации.

Александар Филипоски, проектен менаџер од Фондацијата за Претприемачки Сервис за Млади беше исто така дел од поканетите учесници на средбата кои го споделија своето забележително искуство во развивањето на регионални активности кои го стимулираат претприемништвото во регионот и придонесуваат кон економски раст.




На состанокот беа присутни и претставници од повеќе Постојани мисии на ЦЕИ и други земји во ОН, повеќе национални координатори и други видни гости. Генералниот секретар на ЦЕИ Роберто Антонионе ја нагласи значајноста на регионалната соработка и во својата 30-годишнина ЦЕИ продолжува да нуди поддршка на мултилатералната акција на ОН, особено на процесот на унапредување на целите на одржливиот развој. Покрај генералниот секретар, и заменик-секретарката Нина Кодеља активно учествуваше на дискусиите, презентирајќи ја главната мисија и оперативните методи на ЦЕИ наменети за бенефит на целите за одржлив развој.