Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Онлајн курс „Претприемничка култура и деловна етика“

07.02.2020

 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади ги повикува сите заинтересирани млади лица да го следат бесплатниот онлајн курс „Претприемничка култура и деловна етика“. Во рамки на курсот се обработуваат различни фази од претприемачкиот процес како дефинирање на бизнис модел, монетизација, управување со мал бизнис и стратегии за подобрување на перформансите.

 

Наставната програма на курсот е составена од шест модули:

 

Модул 1: Бизнис идеи и можности
Модул 2: Од идеја до стартап компанија
Модул 3: Стратегии за раст
Модул 4: Финансирање и профитабилност
Модул 5: Управување со одговорноста
Модул 6: Деловна етика

 

Секој модул е составен од е-книга, презентација и видео лекција за полесно и побрзо учење. Секој модул содржи 5 лекции каде по секоја лекција можете да го проверите вашето знаење преку онлајн тест.

 

Сите заинтересирани лица можат да го следат курсот преку креирање на кориснички профил на онлајн платформата http://www.balkanmed-innova.eu/moodle/.

 

Онлајн курсот е дел од проектот БалканМед ИННОВА во чии рамки е креирана веб-школата за претприемништво и доживотно учење. За подетални информации обратете се на е-мејл contact@yes.org.mk или на 02/3108-891.