Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Вебинар „Менаџмент на информациски системи и стратегија“

11.02.2020

 

Датум: 21 февруари, 2020 г.
Целна група: мали и средни претпријатија
Јазик: англиски

Котизација: бесплатно

 

За вебинарот

Фондација Претприемачки Сервис за Млади ги повикува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Менаџмент на информациски системи и стратегија – подобрување на растот на вашиот бизнис“ кој ќе се одржи на 21 февруари во 12 часот. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискустираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој се обработува. 

Зошто да учествувате

Учесниците кои ќе бидат дел од вебинарот ќе се здобијат со следниве зајакнати вештини:

  • Запознавање со основните концепти на информацискиот менаџмент и стратегија
  •  Меѓузависност на трите стратегиски нивоа: информациски систем, информациски менаџмент и информациски технологии
  •  Конкурентност и стратегија - меѓусебна поврзаност
  •  Подобрување на информациските системи во линија со стратегиската определба на компанијата
  •  Интерната улога на информациските системи за компанијата во процесот на производството
  •  Екстерната улога на информациските системи за компанијата во маркетинг-активностите

 
Целна група

Претставници на мали и средни компании.

 

Пријавување

За учество на вебинарот потребно е да пополните онлајн форма каде набрзо ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одвива вебинарот.

Модератор
Асистент Д-р. Трајче Велковски – Машински факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (група предмети за мал бизнис и иновации).

Д-р. Велковски поседува долгогодишно искуство во областа на претприемништвото во Македонија преку менторирање на мали и средни компании кон забрзан раст и интернационализација. Д-р. Велковски е ко-основач и експерт во Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и дел од истражувачкиот тим на Машинскиот факултет. Организатор на бизнис план натпревари и на интернационалниот натпревар Get In The Ring. 


Документи за вебинарот

Презентација

Студијата на случај 


За повеќе информации пишете е-мејл на contact@yes.org.mk или јавете се на 023108891. Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.