Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за учесници во онлајн акцелераторска програма за започнување бизнис

30.03.2020

 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади објавува повик за учество на млади лица во онлајн акцелераторска програма за започнување сопствен бизнис. Целта на програмата е да овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен  бизнис. На крајот од акцелераторската програма најдобрите 5 бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра за започнување на својот бизнис.

 

Програмата ги опфаќа следниве фази:

 

Фаза 1: Предакцелераторска програма

   - 2 вебинари на следниве теми: генерирање бизнис идеи, решавање на проблеми и бизнис канвас.

 

Фаза 2: Подготовка на бизнис канвас

   - Учесниците изработуваат бизнис канвас за својата бизнис идеја.

 

Фаза 3: Селекција на најдобрите бизнис идеи

   - Најдобрите 10 бизнис идеи кои ќе бидат избрани ќе преминат во фазата за изработка на бизнис план.

 

Фаза 4: Акцелераторска програма за изработка на бизнис план

   - 1 вебинар на тема изработка на бизнис план

   - Онлајн менторство за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план.

 

Фаза 5: Бизнис план натпревар   

   - Најдобрите 5 бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра како поддршка за започнување на бизнисот.

 

Право на учество програмата имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис.

 

Акцелераторската програма ќе биде реализирана во месец април и мај. Датумите на вебинарите и онлајн менторството ќе бидат дефинирани дополнително.

 

Сите заинтересирани млади лица потребно е да се пријават преку пополнување на онлајн форма достапна на следниов линк. Крајниот рок за пријавување е 10 април 2020 година.

 

За подетални информации пишете на е-мејл contact@yes.org.mk.

 

Акцелераторската програма е дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.