Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Финална конференција за проектот БалканМед ИННОВА

07.09.2020

 

 

На 24-ти и 25-ти септември со почеток во 10.00 часот ќе се одржи финалната конференција на проектот Балканско-медитерански центар за претприемништво и иновации, финансиран од Европската унија. Проектот започна со имплементација во јуни 2017 година во чии рамки беше креирана онлајн школа за претприемништво и иновации каде сите заинтересирани млади лица можат да посетуваат бесплатни курсеви за претприемништво, агробизнис, туризам и културно наследство, информациско-комуникациски технологии и енергија и животна средина. Како резултат од успешното учество во онлајн школата, интензивните менторства и консултации 23 млади лица од сите земји од регинонот добија грантови да започнат сопствен бизнис. Победниците од сите земји кои добија грант за започнување сопствен бизнис ќе имаат презентација на 25-септември. 

 

Конференцијата ќе се одржи онлајн и ќе понуди интересни панел дискусии, осврт на достигнувањата на проектот и презентација на стартап бизнисите креирани со поддршка на проектот. На настанот ќе учествуваат панелисти претставници од партнерските организации од Македонија, Грција, Албанија, Бугарија и Кипар, како и претставници од компании и граѓанскиот сектор од овие земји.

 

Деталната агенда е достапна на следниов линк.

Конференцијата ќе се одржи на англиски јазик.

 

Регистрација на учесници на следниот линк, најдоцна до 18.09.2020 година.

 

Контакт информации: Софија Цали, sofija.cali[AT]yes.org.mk, 02 3103 660.


www.balkanmed-innova.eu