Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Едукативно видео „Европски програми за финансирање на стартап и мали и средни претпријатија“

15.09.2020

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади изработи едукативно видео за информирање на македонските компании за отворените европски програми за финансирање. Денес, Европската унија продолжува финансиски да ги поддржува претприемачите од европските земји благодарение на бројните програми за финансирање. Финансиската поддршка е достапна преку неколку форми како заеми, микрофинансирање, грантови за истражување и иновации, гаранции и форми на ризичен капитал. Македонските стартап и мали и средни претпријатија имаат пристап до неколку извори на финансирање од Европската унија.

 

Видеото е изработено во рамки на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).