Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Виртуелна конференција „Патот кон единствениот европски пазар“

17.11.2020

 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади има чест да Ве покани да учествувате на виртуелна конференција „Патот кон единствениот европски пазар“ која ќе се одржи на 3ти декември со почеток во 10 часот.

 

Конференцијата ќе се фокусира на теми поврзани со единствениот европски пазар како  хармонизација на правната рамка, претставување добри практики од земјите-членки на Европската унија како и презентирање на ефектите кои пристапувањето на единствениот пазар го имаат врз економија, растот на бруто-домашниот производ, конкурентноста на претпријатија, инвестициите и др.

 

Учество на конференцијата ќе земат врвни европски експерти, истражувачи и креатори на политики за унапредување на ефикасноста на единствениот европски пазар.

 

Целната публика на конференцијата се владини институции, граѓански организации, компании и медиуми.

 

За да учествувате на конференцијата потребно е да се регистрирате на веб страната на конференцијата https://pheedloop.com/singlemarket/site/home/.

 

Официјален јазик на конференцијата е англиски.


Контакт лице:
Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
02/3108-891