Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Онлајн курс за циркуларна економија

12.01.2021

ПСМ Фондација креираше онлајн курс за циркуларна економија, наменет за компании и граѓански организации.

Циркуларна економија е економски систем заснован на принципите на елиминирање на отпадот и загадувањето, континуираната употреба на ресурси и обновување на природните системи. Циркуларната економија се појави како одговор на неодржливиот линеарен модел (земи-направи-фрли) и вклучува повторна употреба, поправка, повторно производство и рециклирање со цел да се создаде нов систем и долготрајни производи. Во циркуларната економија производите се употребуваат повторно, а не се фрлаат како отпад, а производите кои не може повторно да се употребат се рециклираат. Поради тоа има потреба за нови бизнис модели и иновативен дизајн на производите, како и употреба на материјали кои можат бесконечно да се рециклираат.

За таа цел беше креиран онлајн курсот за циркуларна економија, на англиски јазик, со идеја да се воведе концептот на циркуларна економија во бизнис секторот, фокусирајќи се на придобивките од овој вид на економија и нејзиното влијание на развојот на бизнисите, животната средина и креирањето на нови работни позиции.

Програмата на курсот опфаќа 5 модули:

  1. Економски јаз помеѓу богатите и сиромашните земји
  2. Линеарна економија наспроти циркуларна економија
  3. Одржлив развој на МСП и регионален развој
  4. Фактори за промена кон циркуларна економија – потрошувачи, граѓански и јавен сектор
  5. Бизнис модели

Цена на курсот: 2000 ден. Платете онлајн тука.