Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Започнува со работа „Алијанса за младинско претприемништво на Западен Балкан“

12.04.2021


Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади, БСЦ Бар и Иновациски Центар Бања Лука го означуваат почетокот новоформираната мрежата на балкански граѓански организации „Алијанса за младинско претприемништво на Западен Балкан“ која ќе работи на подобрување на претприемачкиот екосистем во сите регионот.


Мисијата на Алијансата за младинско претприемништво на Западен Балкан е да лобира и влијае врз националните политики во балканските земји за поддршка на одржливо младинското претприемништво.


Првата цел на Алијансата ќе биде креирање на водич со алатки за застапување и лобирање наменет за граѓанските организации со цел зголемено влијание врз националните политики за младинско претприемништво во време на Ковид кризата.


Фондација Претприемачки Сервис за Млади и партнерите се поддржани од РИКО во рамки на четвртиот повик за доделување грантови кофинансиран од Европската унија.