Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за учество во креирање на алатка за застапување на младинско претприемништво

13.04.2021

 

Алијансата за младинско претприемништво на Западен Балкан објавува повик за граѓански организации и претприемачи од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) да земат учество во процес на креирање алатка за застапување на младинско претприемништво во време на Ковид-19. Креираната алатка за застапување ќе и биде од помош на Алијансата за младинско претприемништво на Западен Балкан преку која ќе ги остварува своите активности за поддршка на младинското претприемништво во регионот.

 

Граѓанските организации и претприемачите кои ќе се пријават на овој повик ќе имаат можност да работат заедно во процесот на креирање препораки за политики за поддршка на младинско претприемништво во време на Ковид-19. Учесниците ќе бидат поделени во три групи и тоа:

 

а) работна група за креирање препораки за приватниот сектор

б) работна група за креирање препораки за јавниот сектор

в) работна група за креирање препораки за граѓанскиот сектор

 

Работните групи ќе се состануваат на онлајн работни состаноци на неделна база во периодот јуни – јули 2021.

 

Заинтересираните организации и претприемачи треба да се регистрираат на следниов линк.  

 

Алијансата за младинско претприемништво на Западен Балкан е неформална мрежа на граѓански организации формирана од Фондација Претприемачки Сервис за Млади, БСЦ Бар и Иновациски Центар Бања Лука.

 

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади и партнерите се поддржани од РИКО во рамки на четвртиот повик за предлог проекти ко-финансиран од страна на Европската Унија.

 

        

 

*Оваа ознака е без предрасуди кон позициите за статусот и е во согласност со UNSCR 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.