Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Balkathon онлајн регионален натпревар за претприемачи

14.05.2021

 

 

Balkathon е онлајн регионален натпревар во организација на Советот за регионална соработка (RCC) преку кој ги повикува сите заинтересирани млади лица, претприемачи, студенти, стартап компании, научни паркови, универзитети и мали и средни претпријатија од сите балкански земји да предложат и развијат иновативни дигитални решенија.    

 

Кој може да се пријави?       

Тимови од балканските земји можат да се пријават на Balkathon, односно подобни се поединци, ИКТ компании, студенти, невладини организации, образовни институции, стартап компании и др.    

 

Рок на пријавување       

Процесот на аплицирање трае до 19 мај до 15 часот.  

 

Важни датуми       
Тимовите кои ќе влезат во потесен избор ќе започнат со процесот на менторирање и ќе работат на развој на своето решение на 24 и 25 мај.    

 

За да се пријавите следете го овој линк.    

 

Сите детални информации се достапни на овој линк.      

 

Balkathon е поддржан од Европската унија во реализација на Советот за регионална соработка.