Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за менторство на компании за подобрување на енергетските и еколошките перформанси

01.10.2021

 

Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува повик за компании за учество на менторски сесии со искусни консултанти во областа на циркуларна и зелена економија, со цел поддршка во подобрување на енергетските и еколошките перформанси, зајакнување на капацитетите на вработените, јакнење на капацитетите за развој на позелени бизнис модели во линија со новите трендови и барања.

Активноста ќе вклучи 10 компании кои ќе добијат по 3 бесплатни менторски часа за унапредување на нивните процеси и услуги во насока на подобрување на управувањето со ресурси и енергетска ефикасност во нивната работа.

Компаниите во соработка со менторите ќе имаат можност да го подобрат нивното работење, преку анализа на потребите, користење на соодветни алатки, со цел намалување на трошоците и подобрување на нивната конкурентност на пазарот.

Сите заинтересирани компании се поканети да ја пополнат
формата за апликација најдоцна до 20 октомври. Селектираните учесници ќе бидат дополнително контактирани.

За повеќе прашања и информации контактирајте не на
contact[AT]yes.org.mk и 02 3103 660.
 
Поддржано од Град Скопје, имплементирано од ПСМ Фондација.