ДАТУМ НА ПОЧЕТОК: 11 април 2022 година
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 21 час (распоредени во 12 денови)
ЛОКАЦИЈА: Онлајн
ТЕРМИНИ: еднаш неделно (секој понеделник од 10:00 до 11:45 часот)
ЦЕЛНА ГРУПА: сопственици на стартап и мали и средни претпријатија, менаџери на компании, раководители на сектор, проектни менаџери
ЦЕНА: 7.500 денари
ПРИЈАВУВАЊЕ: за да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 8 април. Повеќе информации можете да добиете на contact@yes.org.mk или на телефон 023103660.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Лидерство на 21 век
ОПИС
Потребата да се биде конкурентен, продуктивен и иновативен во време на интензивни промени е предизвик на 21 век. Интензивните промени имаат и негативно влијание врз животниот стил на многумина. Наместо вгнездување во комфор-зона, таквата динамика бара постојано прилагодување кое не го засега само менаџментот на компаниите туку и вработените.
Стресот кој произлегува од потребата постојано да се прилагодуваме на промени негативно влијае врз продуктивноста. Луѓето кои се под стрес ја трошат енергијата и ресурсите на справување со него, а не на креација, иновација и продуктивност.
Целта на овој тримесечен тренинг е да се мобилизираат ресурсите на личноста, главно менаџерите кои носат одлуки, кон позитивно прилагодување на промените и начин на управување кој ќе донесе конкурентска предност во 21 век. Преку поттик и развој на хуманите вештини да се максимизира човечкиот потенцијал во насока на креација и мотивација. Учесниците на тренингот ќе ги зајакнат личните капацитети, нивните хумани вештини како идни креатори на хумани корпоративни средини резилиентни кон промените и со капацитет да го извлечат најдоброто од своите вработени кон зголемување на продуктивноста и развојот.
ПРОГРАМА
Тренинг програмата се состои од 12 работилници групирани во 6 модули на следниве теми:
Модул 1: Предизвици на 21 век и поставување цели
1. Корпоративен идентитет и вредности - Бизнис планот како алатка
· Подигнување на свеста за корпоративниот идентитет и вредностите што ги рефлектира компанијата/организацијата.
· Бизнис планот како навигациска алатка.
2. Од визија до план - алатки за поставување цели
· Целно насочено размислување и делување - од „големата слика“, кон оперативен план.
· Алатки и критериуми за поставување цели.
Модул 2: Ефективна комуникација
3. Комуникација насочена кон цели
· Придобивки од корпоративна комуникациска култура насочена кон цели.
· Фидбекот како алатка за ефективна комуникација.
4. Комуникација на вредностите со јавноста - Себе-брендирање
· Комуникација со јавноста, на брендот, вредности, стратешки цели и информации.
· Градење автентичен имиџ и позиционирање.
Модул 3: Конфликт менаџмент
5. Групна динамика - како до кохезијa
· Разбирање на групната динамика, формирање и функционирање на тимови.
· Профили на вработени и детектирање на потенцијални конфликтни точки.
6. Решавање на конфликти во работна средина
· Што е мобинг, прикриена и отворена агресија.
· Градење позитивна работна атмосфера.
· Методи за решавање на конфликти
Модул 4: Емоционална интелигенција
7. Хумани вештини како конкурентска предност
· Емоционална интелигенција како фактор на успех.
· Хумани вештини како конкурентска предност во 21 век.
8. Преку грижа за себе, до грижа за заедницата и корпоративен развој
· Преку грижа за себе до благосостојба на компанијата.
· Позитивно лидерство како фактор на мотивација кон продуктивност.
Модул 5: Резилиентни компании
9. Стрес менаџмент и лидерство во време на промени
· Разбирање на стрес-механизмот и алатки за стрес менаџмент.
· Резилиентност на компанијата и модели на управување што ја поддржуваат.
10. Моќта на личните ресурси
· Резилиентноста како фактор кон благосостојба.
· Од работна средина кон креативна заедница.
Модул 6: Медиа тренинг за менаџери
11. Себе-изразување и комуникација на вредности
· Комуникациска стратегија за себе-изразување.
· Дигитални и традиционални медиуми, предности и недостатоци.
12. Подготовка за јавен настап
· Подготовка за јавно говорење (презентации во тимот и во појавување во јавност)
· Подготовка за интервју/прес-конференција/дебата.
ЗА ТРЕНЕРОТ
Ида Протугер е сертифициран лајф и бизнис коуч која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168“. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански.
Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.
Ида Протугер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена!