Акцелераторската програма за зелени бизнис идеи е бесплатна тренинг и менторска програма специјално дизајнирана за поддршка на т.н. зелени претприемачи, кон креирање одржливи циркуларни бизнис модели. Учесниците во програмата ќе стекнат продлабочени знаења за правната рамка и потребните дозволи за работа, како да дефинираат циркуларен бизнис модел за својата бизнис идеја и како да ги искористат можностите за финансирање на т.н. зелени технологии. Програмата ќе кулминира со презентација пред потенцијални инвеститори, клиенти и соработници. По завршување на програмата учесниците ќе имаат можност да се претстават на интернационална конференција за циркуларна економија која ќе биде организирана во Скопје, како и да аплицираат на програмите на ЕБОР за менторски проекти.
ШТО НУДИМЕ?
Тренинг програма – тримесечна виртуелна тренинг програма со неделни вебинари и задачи дизајнирана за креирање циркуларен бизнис модел. Програма ќе ги опфати следниве фази:
- Фаза 1: Можности на зелено претприемништво – принципи на Зелената Агенда, релацијата на циркуларниот бизнис модел со целите на одржлив развој на Обединетите нации, елаборирање на потенцијалот за намалување на емисиите на CO2, правна рамка на ЕУ, национално законодавство, законски барања и др.
- Фаза 2: Циркуларен бизнис модел – концепт на циркуларна економија, бизнис модели и стратегии, циркуларен бизнис модел канвас, циркуларен синџир на вредности, мапирање и инволвирање чинители во циркуларен синџир на вредности, индикатори за циркуларност и одржливост, оценка на циркуларноста и одржливоста на бизнис моделот, дефинирање на комуникациска стратегија за циркуларна економија, алатки за комуницирање на циркуларноста за клиентите и останатите чинители.
- Фаза 3: Пристап до финансии и инвестициска подготвеност – можности за финансирање и комерцијализација на зелени технологии.
Менторство – 1:1 менторство со искусни експерти од областа. Секој учесник ќе добие ментор со кој ќе работи на индивидуална база во развојот на бизнис моделот.
Demo Day – презентација пред експерти од областа и потенцијални инвеститори.
Вмрежување и промоција – учество на интернационална конференција за циркуларна економија во Скопје.
ВРЕМЕНСКА РАМКА (*датумите може да бидат предмет на промена)
Акцелераторската програма е предвидено да се реализира од јуни до септември 2022.
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО
- Лице на возраст до 35 години
- Сопственик/сопственици или управител/управители на компании не постари од 35 години
- Бизнис идеја или концепт во областа на животна средина, циркуларна економија, клима, ниско јаглеродна економија и др.
- Полето на делување на компанијата не опфаќа воени производи и услуги, игри на среќа, тутун и алкохолни пијалаци
- Имате идентификувано вистински пазарен потенцијал
- Континуирано учество и ангажман во следење на програмата
ЦЕЛНИ ОБЛАСТИ
Бизнис идејата со која аплицирате за учество во програмата треба да припаѓа во следниве области:
- Управување со отпад
- Управување со вода
- Енергија и енергетска ефикасност
- Обновливи енергии
- Управување со воздух
- Дигитални технологии
- Паметни материјали
- Одржливост, циркуларна економија
- Рециклирање и обновување на материјали
- Климатски промени
- Друго
РЕГИСТРАЦИЈА
Сите заинтересирани млади лица и претприемачи треба да се регистрираат преку пополнување на апликација најдоцна до 2 јули.
КОНТАКТ ЛИЦЕ
Детални информации може да добиете на 023103660 или на мејл aleksandar.filiposki@yes.org.mk.
Водич за апликанти
Поддржано од: