Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Обука за заштита на личните податоци

03.11.2022

ДАТУМ: 7ми декември 2022 

 

ЛОКАЦИЈА: ПСМ Фондација (16та Македонска Бригада 13б, Скопје)

 

ВРЕМЕ: 10h - 13h

 

ПРЕДАВАЧ: Димитар Ѓеорѓиевски - експерт, надворешен офицер, консултант за заштита на личните податоци и поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

 

ЦЕНА: 3000 денари

 

ПРИЈАВУВАЊЕ: За да го резервирате вашето место потребно е да се регистрирате на следниов линк

 

За онлајн уплата кликнете тука!

 

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за заштита на лични податоци
 

 

ОПИС 

 

ПСМ Фондација и Адвокатска канцеларија Лазаров организираат обука „Улогата на офицерот за заштита на личните податоци во носење на политка за приватност, склучување на договори контролор - обработувач и остварување на правото на субјектите на личните податоци.“ Темите кои ќе бидат опфатени со оваа работилница се:

 

  1. Права на субјектите на лични податоци
  2. Како до целосна усогласеност на вашата веб страна со барањата од новиот Закон за заштита на личните податоци
  3. Регулирање на односите Контролор-Обработувач согласно новиот Закон за заштита на личните податоци

 

ПРОГРАМА


Прв дел (10:00 - 11:00)


  • Право да се биде информиран
  • Право на пристап
  • Право на исправка и бришење
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на приговор на обработката
  • Право на преносливост
  • Право да се биде заборавен
  • Право да не се биде дел од автоматизирано носење одлуки и профилирање
  • Како да ги направите овие права лесно остварливи за Вашите субјекти
  • Кои се исклучоците од примена на овие права?
  • Офицер за ЗЛП : На кој начин и каде да ги имплементираме правата на субјектите?

Практични примери и прашања (11:00 - 11:10)

 

Пауза (11:10– 11:20)

 

Втор дел (11:20- 12:20)

 

  • Градење на квалитетна Политика за приватност
  • Правен основ, цели и начини на обработка на лични податоци преку веб страна
  • Утврдување на рокови за чување
  • Обезбедување на веб страната, (Pharming prevention, TLS protocol и SSL Сертификат за безбедност на веб страна)
  • Давање на користење, размена и пренос на лични податоци
  • Давање известување за обработка на лични податоци преку веб страна
  • Колачиња ( Cookies).

 

Пауза (12:20 – 12:30)


Трет дел (12:30 – 13:00)


  • Кој се е должен да склучи Договор за обработка на лични податоци?
  • Кои се задолжителни одредби во Договорот?
  • Дали и како да склучите Анекс кон постоечките договори со обработувачите или да потпишете сосема нови Договори за Контролор-Обработувач?

Практични примери и прашања (13:00 – 13.15)