Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Емоционална Интелигенција со Ида Протугер

20.01.2023

 

  

ДАТУМ НА ПОЧЕТОК: 13 Февруари 2023 година 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:  270 минути (распоредени во 3 денови)

 

ЛОКАЦИЈА: Онлајн 

 

ТЕРМИНИ: еднаш неделно (секој понеделник од 10:00 до 11:30 часот

 

ЦЕНА: 5.555 денари

 

ПРИЈАВУВАЊЕ: за да го резервирате вашето место потребно е да се регистрирате на следниов линк и да извршите уплата најдоцна до 10ти февруари. Повеќе информации можете да добиете на contact@yes.org.mk или на телефон 023103660.
 

За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Емоционална Интелигенција

 

ОПИС

 

Во време на интензивни промени како резултат на технолошката револуција и вештачката интелигенција, многу работни места и операции што досега ги вршеа луѓето, ги превземаат машините. Но она што не може да го заменат и што е конкурентска предност на луѓето се емоциите, мотивацијата и креативноста. Сè што се создало како додадена вредност во светот, е резултат на токму тие три човечки „состојки“.


Компаниите на 21 век ќе имаат можност да ги користат предностите на технологијата, но за да го добијат најдоброто од човечкиот потенцијал што е неопходно за раст, потребни им се испиративни лидери со развиени хумани вештини.


Што се хумани вештини?


Емоционалната интелигенција и ефективна комуникација се клучни хумани вештини кои овозможуваат да градиме квалитетни односи со другите кон постигнувања кои креираат додадена вредност на тимот, компанијата, па и светот.


ПСМ фондацијата отпочнува нова серија на работилници во рамки на Академијата за лидерство, во соработка со Ида Протугер, советник за личен и системски развој од Виена, Австрија. Ќе бидат посветени на јакнење на лидерските капацитети и вештини кон продуктивност, креација и раст на организациите.


Првиот модул е на тема Емоционална интелигенција и е составен од три работилници кои се фокусирани на:


- Емоциите во функција на градење функционални односи

- Себе-прифаќање како услов за прифаќање на другите

- Инклузивно носење одлуки

- Справување со кризи

- Градење квалитни релации и комуникација во тимот


Очекувани ефекти од обуката се:


- Јакнење на капацитетите за градење квалитетни релации

- Градење на личната и тимската резилиентност (отпорност во време на промени)

- Вештини на комуникација насочена кон цели и разбирање


Ве очекуваме на првата работилница на тема:

„Емоционална интелигенција и лидерство“

На 13 Февруари во 10:00 ч онлајн.

 


 

ЗА ТРЕНЕРОТ

 

Ида Протугер е сертифициран советник за личен и системски развој која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. 

Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.

Ида Протугер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена според Influence Digest Media!