Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Ефективна Комуникација со Ида Протугер

22.02.2023

 

 

ДАТУМ НА ПОЧЕТОК: 20 март 2023 година 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:  270 минути (распоредени во 3 денови)

 

ЛОКАЦИЈА: Онлајн 

 

ТЕРМИНИ: еднаш неделно (секој понеделник од 10:00 до 11:30 часот

 

ЦЕНА: 5.555 денари

 

ПРИЈАВУВАЊЕ: за да го резервирате вашето место потребно е да се регистрирате на следниов линк и да извршите уплата најдоцна до 17ти март. Повеќе информации можете да добиете на contact@yes.org.mk или на телефон 023103660.
 

За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Ефективна Комуникација

 

ОПИС

 

Се раѓаме сами, но дизајнирани сме како социјални суштества кои опстануваат и растат преку градење односи со другите. Оттука, оној кој умее со луѓе и има развиено силни комуникациски вештини има многу поголема предност во градење квалитетни релации кон лични и заеднички постигнувања во животот.


Ефективната комуникација како една од клучните хумани вештини е неопходна за воспоставување функционални и позитивни односи во тимот и организацијата, полесно остварување на целите и основа за градење лична и корпоративна комуникациска стратегија.


Модулот „Ефикасна Комуникација“ е втор во серијата обуки во рамки на Академијата за лидерство на ПСМ Фондацијата, во соработка со Ида Протугер, советник за личен и системски развој од Виена, Австрија. Овој модул е составен од три работилници, а обуката е насочена кон повеќе нивоа на комуникација:


- Комуницирање на лични вредности - градење на личен бренд (имиџ)

- Комуникација во тимот кон потигнувања заеднички цели и остварување заеднички интереси 

- Комуникација на организациските/корпоративни вредности и бренд во и вон компанијата


Очекувани ефекти се:


- Заштеда на ресурси во остварување на целите

- Поголема продуктивност, креативност и со тоа и раст на тимот и организацијата

- Функционални и позитивни односи во тимот

- Полесно остварување на корпоративните цели


Ве очекуваме на првата работилница на тема:

Основи на ефективна комуникација на 20 март во 10:00


 

ЗА ТРЕНЕРОТ

 

Ида Протугер е сертифициран советник за личен и системски развој која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. 

Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.

Ида Протугер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена според Influence Digest Media!