Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Акцелераторска програма за зелени бизниси

18.04.2023

 

Општина Гази Баба и ПСМ Фондација објавуваат повик за учество во акцелераторска програма за поддршка на бизнис идеи со фокус на животна средина, или т.н. „зелени“ бизнис идеи. Најдобрите три (3) бизнис планови од програмата ќе бидат наградени со 200.000 денари, поддршка која вклучува покриени трошоци за регистрирање на компанија, едногодишен престој во бизнис инкубаторот, менторство, вмрежување и промоција.

 

Структура на програмата

 

> Циклус работилници на следните теми:


- Развој на бизнис план
- Управување со производ во старт ап фирма
- Водење на финансии во старт ап фирмата
- Маркетинг прилагоден на старт ап фирма
- Продажба прилагодена на старт ап фирма
- Користење на дигитални платформи за водење на старт ап фирма
- Политики за животна средина и релевантна правна рамка
- Пристап до финансии
- Интелектуална сопственост


> 1:1 менторство

> Презентација на бизнис идеите на настан организиран од ПСМ Фондација

 

Критериуми за учество

 

• Физички лица на возраст од 18 до 40 години
• Микро и мали компании не постари од 3 години
• Бизнис идеја / иновативно решение со фокус на животна средина

 

Награда

 

Најдобрите три (3) бизнис идеи ќе добијат награда во износ од 200.000 денари, која вклучува:


• Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година во бизнис инкубаторот на ПСМ Фондација
• Покриени трошоци за регистрација на фирма во Општина Гази Баба
• Учество во акцелераторска програма за зелени бизниси
• Континуирана поддршка и менторство за раст и развој на компанијата
• Помош за подготовка на презентација пред инвеститори 
• Вмрежување со партнери од државата и странство 
• Промоција

Начин на аплицирање

 

Сите заинтересирани лица треба да пополнат формулар најдоцна до 26ти мај.

 

За дополнителни прашања пишете на info@yes.org.mk или јавете се на 023103660.

 

*Услов за искористување на наградата е новооснованата компанија да биде со седиште во Општина Гази Баба, добитникот на наградата, како и основачот да биде на возраст од 18 до 40 години, а доколку станува збор за постоечка старт-ап компанија да направи промена на седиште со адреса во Општина Гази Баба.