Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Можности за пристап до финансии за МСП под програмата Хоризонт Европа

27.02.2025

Во просториите на нашиот инкубатор Претприемачки Сервис за Млади беше одржана првата инфо-сесија која им понуди на малите и средни претпријатија (МСП) и претприемачите со иновативни идеи информации за можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC) во рамки на програмата Хоризонт Европа. Учесниците имаа можност да се запознаат со различните инструменти за финансирање што ги нуди EIC, како и со процесот на аплицирање за грантови и инвестиции.


Предавач на сесијата беше Катарина Кречева, експерт за иновациски политики и поранешно Национално контакт лице за Хоризонт Европа и Европскиот иновациски совет. Таа ги сподели своите искуства во развојот на програми за финансирање и процесот на евалуација на апликациите. Учесниците добија детален увид во програмата Хоризонт Европа и финансиските инструменти што ги нуди Европскиот иновациски совет, вклучувајќи ги EIC Pathfinder, EIC Transition и EIC Accelerator. Посебно беа нагласени критериумите за аплицирање, улогата на Националните контакт точки и клучните елементи за подготовка на успешна апликација.

 

   

 

Гостин предавачот, м-р Бети Костадиновска Димитровска зборуваше за поддршката што ја нуди мрежата EEN и проектот EEN2EIC во унапредување на иновациите и бизнисите. Таа објасни како компаниите можат да добијат помош за пристап до програмите за истражување и иновации на ЕУ и како да се поврзат со клучни институции за реализирање на своите цели.

 

 

Учесниците на оваа сесија имаа можност да научат како да проценат дали нивната идеја е соодветна за финансирање и како најдобро да ја подготват својата апликација за да ги зголемат шансите за успех. Преку детални објаснувања и примери од практиката, тие се информираа за една од најголемите можности за финансирање во Европа. Дополнително, се запознаа со различните програми и дознаа кои од нив најмногу одговараат на нивните специфични потреби. Со практични совети и насоки, учесниците добија јасна претстава за првите чекори што треба да ги преземат во процесот на аплицирање.

 

 

Оваа активност беше организирана од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на мрежата Enterprise Europe Network, со поддршка на Министерството за економија и труд.