Skip Navigation LinksПочетна / Програми / Акцелераторска програма за зелени бизниси

Акцелераторска програма за зелени бизниси

 

 

„Зелените претприемачи“ се уникатно позиционирани како двигатели на иновациите, држејќи ги алатките за забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина на нашата околина. Нашата акцелераторска програма има за цел да ги катализира бизнис идеите насочени кон решенија за ублажување на проблемите во животната средина на локално, регионално и национално ниво. Активностите во рамките на програмата го стимулираат развојот и ја зајакнуваат позицијата на напредните зелени технологии во процесот на градење циркуларна економија.

 

Што нудиме? 

 

Тренинг програма – тримесечна виртуелна тренинг програма со неделни вебинари и задачи дизајнирана за креирање циркуларен бизнис модел, која ги содржи следните модули:

 

Фаза 1: Можности на зелено претприемништво – принципи на Зелената Агенда, релацијата на циркуларниот бизнис модел со целите на одржлив развој на Обединетите нации, елаборирање на потенцијалот за намалување на емисиите на CO2, правна рамка на ЕУ, национално законодавство, законски барања и др.  

Фаза 2: Циркуларен бизнис модел – концепт на циркуларна економија, бизнис модели и стратегии, циркуларен бизнис модел канвас, циркуларен синџир на вредности, мапирање и инволвирање чинители во циркуларен синџир на вредности, индикатори за циркуларност и одржливост, оценка на циркуларноста и одржливоста на бизнис моделот, дефинирање на комуникациска стратегија за циркуларна економија, алатки за комуницирање на циркуларноста за клиентите и останатите чинители. 

Фаза 3: Пристап до финансии и инвестициска подготвеност – можности за финансирање и комерцијализација на зелени технологии. 

 

Менторство – 1:1 менторство со искусни експерти од областа. Секој тим добива ментор со кој ќе работи на индивидуална база во развојот на бизнис моделот. 

 

Валидација на бизнис концептот – презентација пред експерти од областа и потенцијални инвеститори.  

 

Вмрежување и промоција – учество на настани за зелени бизнис и промоција на социјални медиуми и на настани