Skip Navigation LinksПочетна / Услуги / Обуки / предавања

Обуки / предавања

Погледни го распоредот на актуелни обуки и пријави се!

 

Прошири ги своите хоризонти! Никогаш не е доцна за да се учи!

Зошто ти е потребна обука?

За да бидеш успешен претприемач, за да го развиеш сопствениот бизнис или пак компанијата во која работиш, треба и самиот да се развиваш. Знаењето е моќ, потенцијал кој треба да се поседува за да може да биде применет во вистинскиот момент. За една бизнис стратегија да може успешно да се примени, потребно е бизнис знаење, а не само интуиција. Затоа е важно постојаното надградување, за да се следат промените во надворешната средина, во индустријата во која се работи и да се биде секогаш во чекор со другите, па дури и пред другите.

Зошто ПСМ Фондација?

Затоа што ние сме сертифициран локален центар на CISCO Entrepreneurship Institute, имаме огромно искуство во организирање на тренинзи и обуки од областа на претприемништвото, започнување на сопствен бизнис, како да се финансира и развива истиот, и слично.

Имаме сопствени простории – конференциски сали опремени со компјутерска опрема каде ги изведуваме нашите обуки. Имаме одлични тренери кои располагаат со огромни знаења и вештини, сето поткрепено со сертификати и дипломи за обучувачи во соодветната област.


Затоа, инвестирајте во себе!


Цената која ќе ја платите за да посетите обука за бизнис, обука за менторство, продажба или што било друго во вашата област, е мала како трошок во споредба со се она што ќе го добиете. Ќе мозе да придонесувате повеќе, да внесете знаење што ќе предизвика подобар перформанс на целата компанија. И запомнете, можете да придонесете само доколку имате знаење кое би ставиле како влог во вашата работа!