Со цел да обезбеди соодветна поддршка за своите компании членови, ПСМ Фондација развива менторска шема за пренесување на искуството на етаблирани личности од бизнис секторот  на младите претприeмачи за подорбување на нивните знаења и вештини. Бизнис области во кои специјализираат менторите се: менаџмент на човечки ресурси, развој на бизнисот, финансии, администрација, менаџмент, деловна комуникација, продажба, преговарање, односи со јавност и маркетинг, а подолу можете да ја погледнете и листата на менторите.

 

Процесот на одвивање на менторската шема е следниов:


  1. ПСМ ги контактира менторите или пак тие самоиницијативно аплицираат со CV на contact@yes.org.mk и се потпишува договор за менторство
  2. Компаниите поднесуваат барање за ментори
  3. ПСМ одредува ментор кој се совпаѓа со барањето на компанијата (доколку не е наведено конкретно име) и го поврзува со компанијата
  4. Менторот и компанијата одредуваат место и време за менторската сесија на која мора да пополнат формулар за менторска сесија
  5. По завршувањето на сесијата менторот и компанијата пополнуваат евалуација за менторската програма

 

*Секоја компанија месечно може да искористи максимум 2 менторски часа и секој ментор ќе биде ангажиран максимум 2 часа месечно со различни компании.

  

___________________________________________________________________________________

Во моментов регрутираме советници кои ќе се приклучат на тимот на ПСМ. Експертите ќе бидат составен дел од групата формирана од долгогодишно искуство во најважните бизнис области.

 

Ние сакаме да Ве вклучиме во стратегијата на ПСМ. Имаме големи планови и имаме потреба од Вас! 


Испратете го Вашето CV, биографија или Linkedin профил на contact@yes.org.mk.

 


Пол Орландо, Основач на AcceleratorHK
Детали >>>
Јуре Микуж, Инвестициски директор
Детали >>>
Татјана Забесу, Инвестициски директор
Детали >>>
Емил Казанков, Консултант/Експерт за мали и средни бизниси
Детали >>>

Страна 1 од 7 Прва Претходна Следна Последна