Најтешкиот чекор при започнување бизнис е превземање на првиот чекор. Курсот „Почнување бизнис и социјално претприемништво“ ја дава основата да започнете успешен бизнис со тоа што ќе разберете што е важно за успех во светот на стартапите и чекорите што треба да ги преземете за да бидете успешни. Курсот содржи видео материјали, вежби и корисни линкови за тематиките кои се обработени. Наменет е за сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да се стекнат со дополнително знаење за тоа што претставува претприемништвото, што значи да бидеш претприемач, елементите на бизнис план, што е тоа социјално претприемништво и можностите кои ги нуди.
Времетраење на курсот: 160 минути
Модул 1. Претприемништво
Овој модул е посветен на теоретските основи на претприемништвото и што претставува тоа, практични примери на претприемачи, карактеристики и клучни вештини на претприемачот, како и практични вежби.
Модул 2. Социјално претприемништво
Разлики меѓу традиционалното и социјалното претприемништво, митови за социјалното претприемништво, која е крајната цела на социјална компанија, области на делување и практични примери.
Модул 2. Бизнис идеја
Овој модул е посветен на проверка и разработување на вашата бизнис идеја, каде да барате инспирација и како да ја оцените вашата бизнис идеја.
Модул 4. Визија
Што е визија и како да ја реализираме, визија за социјално претприемништво, односи човек-визија, креирање визија и практични вежби.
Модул 5. Лидерство и менаџмент
Детална разработка на поимите лидерство и менаџмент преку практични примери, нивните содржини, што значи да си лидер или менаџер, функции на менаџментот, поставување цели и планови, како и видови лидерски стилови.
Модул 6. Бизнис план
Овој модул е посветен на структура на бизнис планот, причини зошто е тој важен и зошто постојано треба да го ажурирате, насоки како да напишете бизнис план и можни извори на финансирање на вашиот бизнис
Модул 7. Брендирање
Овој модул се состои во дефинирање и подетален опис на брендирањето, совети како да изградите бренд, кои се елементите на брендирањето, конкурентски предности и кои канали на комуникација треба да ги следите при градење на вашиот бизнис.
Модул 8. Менаџмент на човечки ресурси: Кои се целите на менаџмент на човечките ресурси, како да се изберат вистинските вработени, како да се задржат добрите работници и како да се мотивираат
Модул 9. Процес на работа. Што да очекувате од претприемачкото патување, мотивација за понатамошен развој и планирање на иднина.