Skip Navigation LinksПочетна / Детали за производот

Емоционална интелигенција

w   Емоционална интелигенција
Цена: 4.707,63 ден.
ДДВ: 847,37 ден.
Вкупно: 5.555,00 ден.

ДАТУМ НА ПОЧЕТОК: 13 февруари 2023 година 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:  270 минути (распоредени во 3 денови)

 

ЛОКАЦИЈА: Онлајн 

 

ТЕРМИНИ: еднаш неделно (секој понеделник од 10:00 до 11:30 часот

 

ЦЕЛНА ГРУПАсопственици на стартап и мали и средни претпријатија, менаџери на компании, раководители на сектор, проектни менаџери

 

ЦЕНА: 5.555 денари

 

ПРИЈАВУВАЊЕ: за да го резервирате вашето место потребно е да се регистрирате на следниов линк и да извршите уплата најдоцна до 10ти февруари. Повеќе информации можете да добиете на contact@yes.org.mk или на телефон 023103660.

 

ЗА ТРЕНЕРОТ

 

Ида Протугер е сертифициран советник за личен и системски развој која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. 

Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.

Ида Протугер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена според Influence Digest Media!