Skip Navigation LinksПочетна / Детали за производот

Дигитално-социјално претприемништво

w   Преточете ги социјалните проблеми во бизнис можности, преку практични алатки и техники!
Цена: 2.966,10 ден.
ДДВ: 533,90 ден.
Вкупно: 3.500,00 ден.

Дигитално-социјално претприемништво: промени за подобра иднина

 
Еволуцијата на технологијата креираше значително општествено влијание во последните години, меѓутоа, ова влијание е второстепено во однос на целите за генерирање профит и комерцијализација. Дигитално-социјалното претприемништво, или социјалната технологија, расте како поддомен на претприемничка активност, во која претприемачите ги користат технолошките иновации за доброто на нивното општество. Според Извештајот за мапирање на социјални иновации од Фондацијата Интел и Фондацијата Ашока, дигитално-социјалните претприемачи ефективно менаџираат со следново: напредна дигитална писменост, вклучување на сите стеикхолдери, промена на перцепцијата за маргинализираните групи и ја одржуваат бизнис активноста децентрализирана и ефективно комуницираат со пошироката публика. Затоа, во овој курс, ќе покажеме како можете да ги користите новите технологии како начин за создавање поширока општествена придобивка, истовремено генерирајќи профит и раст, пренесувајќи ја вашата мисија до пошироката публика на потенцијални клиенти и крајни корисници. Овој курс е погоден за секој кој е љубопитен за претприемништво, со интерес за дигитални технологии или социјален развој, кој се обидува да започне свој социјален бизнис кој ја користи технологијата за својата социјална мисија. Преку воведување теоретски концепти на претприемништвото и поттикнување на пошироки дискусии за општествените предизвици користејќи глобална рамка за меѓународен развој, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со знаења започнувајќи од основањето, па до создавањето на сопствената социјално-технолошка бизнис идеја. Во текот на програмата, ќе научите за појавата на „социјална технологија“ и дигитално-социјално претприемништво, студии на случај на социјална технологија низ целиот свет и ставени во контекст на Целите за одржлив развој на Обединетите нации (SDG). Исто така, ќе научите за основите на социјалното претприемништво, појавата на дизајнот насочен кон човекот во процесот на социјално претприемништво и различните модели на социјално претпријатие. Ќе откриете како дигитално-социјалните претприемачи го финансираат и промовираат својот бизнис, и како го мерат влијанието на нивната работа, пред да формираат тим и да дизајнираат, развиваат и изготват свој проект за социјална технологија за справување со локалните и глобалните социјални предизвици.
По завршувањето на овој курс ќе се стекнете со разбирање за улогата на технологијата во општествените промени, поголема перспектива за важноста на претприемништвото за општествено влијание, преку практични алатки и техники кои ќе ги примените во ситуации во вашиот сопствен професионален контекст – овозможувајќи ви да ги преточите социјалните проблеми во можности и решенија преку дизајн фокусиран на човекот.
 
Модул 1: Вовед во технологија и социјална иновација 
(Времетраење 2 часа: 1 час предавање, 1 час работилница и 1 час домашна задача)
Модул 2: Дизајн фокусиран кон човекот и социјален бизнис модел
(Времетраење 2 часа: 1 час предавање, 1 час работилница и 1 час домашна задача)
Модул 3: Финансирање, маркетинг и мерење на влијанието 
(Времетраење 2 часа: 1 час предавање, 1 час работилница и 1 час домашна задача)
Модул 4: Валидација на бизнис идејата преку планирање и презентација
(Времетраење 2 часа: 30 минути предавање и 1,5 час работилница)
 
Инструктор на курсот: Geena Whiteman
Geena е докторанд на Универзитетот Кардиф, истражувајќи ја појавата на младинско дигитално-социјално претприемништво во Косово и Словенија. Таа е тутор на курсот за Бизнис и претприемништво на Оксфорд летните курсеви и Мелио едукација, како и амбасадор на World Summit Awards и финалист на SME Week Essay Competition 2020, организиран од Европската Комисија.  Има значително искуство како тренер за претприемништво и организатор на социјални хакатони, одржувајќи обуки низ Обединетото Кралство.