Skip Navigation LinksПочетна / ПСМ Фондација / Мисија, визија, цели

Мисија, визија, цели

Мисија

ПСМ фондацијата постои заради поттикнување на претприемништвото и зголемување на вработеноста кај младите, преку нивно оспособување да основаат сопствен бизнис. ПСМ фондацијата стои зад нив со поддршка преку многубројни активности и субвенции со цел да помогне во локалниот развојот на моментално најпридонесувачкиот сектор на мали и средни претпријатија (МСП).

Визија

Нашата визија е да станеме лулка на претприемништвото. Да бидеме производител на иновации и нови бизниси преку постојан обрт на нови бизнис идеи кои ќе дадат поголем придонес во развојот на националната економија.

Цел

Наша цел е да се привлечат младите кои се иновативни, кои имаат идеи да започнат бизнис, да им се обезбеди обука за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар, за да се забрза напредокот на малите и средните претпријатија како носители на националната економија.