Листа на имплементирани проекти

2012

1. Развој на почетни бизниси преку директно менторство на млади претприемачи

Донор: Град Скопје

Период: Јуни - Септември 2012

 

2. Програма за кариерен развој

Донор: Град Скопје

Период: Јуни 2012 - Октомври 2012

 

3. Зголемување на стапката на вработеност кај млади жени од етничките малцински заедници во Македонија и Албанија преку зголемување на нивните компетенции за само вработување.

Донор: Les Paquerettes

Партнери:  Доркас Интернационал, Албанија и Табита Фондација, Албанија

Период: Јануари 2012- Септември 2012

Постигнати резултати: 48 невработени жени од македонска, албанска и ромска етничка припадност обучени како да започнат и водат сопствен бизнис. 4 грантови во висина од 1.000 евра доделени на 4 најдобри бизнис планови.

  
4.Технолошка програма за млади- креирање на можности за вработување

Донор:  Амбасада на Кралството Норвешка во Скопје

Период: Февруари 2012- Декември 2012

Постигнати резултати: 20 млади луѓе со зголемено знаење од графички дизајн; 20 млади луѓе со знаење како да развијат сопствена мобилна апликација.

 

5. Стимулација за младите претприемачи и иновации преку е- учење

Донор:  Амбасада на САД во Скопје

Период: Февруари 2012 - во имплементација

2011

1. Глобална недела на претприемништво 2011- Македонија (www.gew.com.mk)

Период: 14- 20 Ноември 2011

Целна група:

Опис на активности:

Постигнати резултати:

 

 
2. Име на проектот: Startup Weekend Skopje (http://skopje.startupweekend.org)

Период: 11- 13 Ноември 2011

Опис на активности: Startup Weekend  настанот трае 54 часа и е примарно фокусиран за креирање десктоп, мобилни и интернет решенија кои што можат да бидат трансформирани во продуктивни бизниси. Учесниците имаат 60 секунди да ја презентираат својата идеја, по презентацијата тие гласаа за најдобрата бизнис идеја и формираа 9 тима каде што ги трансформираа идеите во прототипи и развиваа бизнис модел. Победничките идеи беа наградени преку реализирање на истите.

Постигнати резултати:

 

 

3. Име на проектот: Советување и Планирање на кариера преку насочување на персоналните компетенции

  
Донор: Град Скопје
Период: 06 Јули 2011 – 31 ноември 2011
Целна група: Студенти и дипломирани невработени млади луѓе на возраст од 22-30 години од територијата на град Скопје. Најмалку 50 млади луѓе ќе добијат стручни совети за започнување на сопствен бизнис; 4 неискусни кадри ќе бидат директно вклучени во практикантска работа во времетраење од 6 месеци.
Опис на активности: ПСМ ќе опреми канцеларија која ќе функционира како советодавен центар кој ќе им помага на младите во процесот на започнување на сопствен бизнис како одлична алтернатива за надминување на мостот од завршување на образованието до економско осамостојување. Во исто време, проектот ќе вклучи 4 практиканти за временски период од 6 месеци, кои ќе бидат вклучени во секојдневните активности на фондацијата. Практикантите ќе се здобијат со соодветно работно искуство кое ќе може да ги искористат во понатамошниот развој на кариера.
Постигнати резултати: Проектот е во самиот почеток на имплементација.

 

 

4. Име на проектот: Startup Weekend Скопје  

 

Период: 24-26 Јуни 2011
Целна група: Млади образовани луѓе со желба да започнат сопствен бизнис. Настанот се фокусираше на учесници од ИТ секторот, со посебен фокус на програмери и економисти кои развиваа бизнис модел.
Опис на активности: Startup Weekend е интензивен 54 часовен настан кој се фокусира кон креирање на мобилни, десктоп или интернет решенија кои понатаму би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис. Учесниците имаа 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои беа изгласани како најдобри се формираа 9 тимови кои ја трансформираа идејата во прототип на производ истовремено изработувајќи и бизнис модел. Најдобрите 4 идеи беа наградени во насока на реализација на бизнис идеите.
Постигнати резултати: За време на викендот 52 млади ентузијасти, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот. Победничкиот тим е награден со 4 HP лаптопи од Дуна во соработка со HP, 6 месеци канцеларија во ПСМ Инкубаторот, регистрација на фирма, консултации и обуки. Тимовите кои го освоија второто и третото место беа наградени со 3 месеци канцеларија во ПСМ инкубаторот (само за вториот тим) и консултации и обуки. На настанот учествуваа 24 спонзори (1 премиер, 1 платинумски, 7 златни, 15 сребрени) и 25 медиумски спонзори.

 

 

5. Име на проектот: Едукација на млади Роми за започнување бизнис и подготовка за само- вработување

 

Донор: Les Paquerettes
Период: Февруари 2011 – Септември 2011
Целна група: Директни корисници во проектот се 36 млади Роми, кои по завршување на обуката би биле способни да подготват бизнис план и да започнат сопствен бизнис. Корисниците имаат познавање од англиски јазик и компјутери.
Опис на активности: Активностите на проектот се состојат од Обука за започнување бизнис сертифицирана од CISCO Entrepreneurship Institute, за 36 млади Роми поделени во 3 групи. По завршување на обуката, тие пишуваат бизнис планови со кои се натпреваруваат за наградниот фонд кој ќе им биде доделен на трите најдобро подготвени бизнис планови, како помош при реализација на тој бизнис.
Постигнати резултати: Проектот е сеуште во тек- 36 млади Роми ги имаат поминато обуките и се во фаза на подготовка на бизнис плановите.

 

 

6. Име на проектот: Креирање работни места за млади жени преку практична работа

 

Донор: GTZ Македонија и Амбасадата на Норвешкото Кралство во Македонија
Период: Мај 2011- Ноември 2011
Целна група: 60 млади жени со универзитетска диплома на возраст помеѓу 22 и 35 години.
Опис на активности: Проектот се состои од одржување на обуки за бизнис знаење и меки вештини, како и кариерни советувања за 60 млади жени од Југоисточниот, Источниот, Западниот и Југозападниот плански регион во Македонија, по што би имале можност да посетуваат пракса во локални компании со што се очекува да резултира во вработување.
Постигнати резултати: Проектот е во тек.

 

 

 

7. Име на проектот: Надминување на јазот помеѓу во администрацијата и вработените во јавните институции и нивна едукација за експлоатација на ИКТ решенијата за подобрување на работата

 

Донор: Амбасада на САД во Скопје, Македонија
Период: Февруари 2011- Декември 2011
Целна група: 20-30 вработени во јавна администрација или претставници на менаџментот од јавните институции од 2 општини во Македонија со цел да бидат обучени како поефикасно и поефективно да ги извршуваат своите обврски.
Опис на активности: Главна активност на проектот беа обуките според курсот iExec Public Essentials сертифицирани од CISCO Entrepreneurship Institute во комбинација со 2 часовни индивидуални консултации за секој учесник. По завршување на обуката учесниците изготвуваат бизнис планови од кои најдобрите 2 ќе бидат наградени.
Постигнати резултати: Обуката ја посетуваа 30 учесници- претставници од 3 скопски општини: Центар, Кисела Вода и Карпош. Проектот е сеуште во тек и учесниците се во фаза на подготовка на бизнис плановите.

2010

1.  Име на проектот: Глобална Недела на Претприемништво 2010 - Македонија (www.gew.com.mk)

 

Партнери: Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење (NCDIEL – http://www.ncdiel.mk/).
Период: 15 ноември 2009 – 21 ноември 2009
Целна група: Генералната јавност, вклучувајќи: универзитети, невладиниот сектор, интернационални организации, бизнис секторот и сите други организации и институции чија дејност е стимулирање на претприемништвото во регионот.
Опис на активности: Организирани повеќе од 30 настани во 5 градови во Македонија во насока на стимулирање на претприемничкиот дух и адресирање на генералната јавност за неговата важност: Обуки, Презентации, Трибини, Семинари, Работилници, Форуми, Регионални конференции, Креативност, Иновација, Настани за поврзување. http://gew.com.mk/index.php?option=com_eventlist&view=categories&Itemid=77&lang=mk
Постигнати резултати: Анимирање на над 2000 млади луѓе ширум Македонија за претприемништвото и можностите за само-вработување, јакнење на нивните бизнис познавања преку обуките како и информирање на бизнис и владиниот сектор за значењето на претприемништвото за развојот на македонската економија.

 

2. Име на проектот: Реоткривање на старата скопска чаршија 


Донор: Фондација Отворено Општество Македонија
Период: 01 септември 2010- 01 септември 2011
Целна група: Целна група беа самите занаетчии кои работат во Чаршијата, младите луѓе кои имаат афинитети кон старите занаети кои некогаш биле застапени во Чаршијата или сеуште постојат таму. Бизнисите кои функционираат и имаат директна корист од порталот, поради промоција на нивната работна околина и можноста за зголемена фреквенција на луѓе.
Опис на активности: Изработка на веб портал кој ги содржи сите информации за старата скопска чаршија, односно информации за културно - историските споменици во чаршијата, храната и пијалаците типични за луѓето кои живеат и работат во чаршијата, интересни факти од историјата на чаршијата, информации од туристички карактер, информации за актуелните настани и случувања, визуелни податоци како фотографии и видеа, и слично. Промоција на истиот на скопската јавност на 25 декември 2010 година, преку посебен промотивен настан кој се одржа во ГЕМ клубот во самата чаршија и како посебна активност организирана за промоција на сајтот беше Фото - натпреварот за избор на најдобра фотографија инспирирана од мотивите на Старата Скопска Чаршија. Првите 50 пријавени учесници добија и бесплатно учество на Работилница по Фотографија, која ја одржи проф. Владимир А Велјановски.
Постигнати резултати: Веб порталот беше изработен и поставен на две домеин адреси, www.staracarsija.mk и www.skopjeoldbazar.com (за меѓународна употреба). Редовното објавување на нови содржини, објавувањето на известувања за истите на Facebook и Twitter профилите, како и промотивните активности кои беа организирани, бележат голем број на посетители (преку 20 000 посети). На Фото- натпреварот се пријавија вкупно 86 млади луѓе кои испратија вкупно 220 фотографии, од кои беа наградени 3те најдобри фотографии со фотоапарат Canon EOS 459D 18-55 IS, фотопринтер и ваучер за печатење од Фото Мите и ваучер за печатење од Дигитал Центар.

 


3. Име на проект: Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење

 

Донор: Град Скопје
Период: септември - декември 2010
Целна група: 30 млади, образовани ИКТ кадри
Опис на активности: Обука Започнување бизнис, според програмата на CISCO Entrepreneur Institute
Постигнати резултати: Преку креирање на групи од млади ИКТ инженери за здобивање претприемачки вештини се зголеми бројот на ИКТ претприемачи кои ќе започнат сопствен бизнис, се поддржа понатамошен развој на информатичкото општество во Македонија, и се потпомага и поттикнува подобрување на ИКТ секторот на мали и средни претпријатија.

 

 

4. Име на проектот: Промоција на претприемништвото помеѓу младите жени во четири региони во Република Македонија

 

Донор: Амбасада на САД во Скопје, Македонија
Период: 10 месеци (Февруари 2010 – Декември 2010)
Целна група: 60 – 80 млади жени од четири региони на Република Македонија
Опис на активности: Обуки за започнување бизнис во 6 модули, наменет за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис
Постигнати резултати: Промовирање на претприемачкиот дух помеѓу младите жени во Македонија и унапредување на нивното бизнис знаење и вештини. Зголемување на бизниси започнати од млади жени. Промовирање на претприемачката култура во земјава.


 
5. Име на проектот: Одговорно претприемништво кај младите: Креирање на култура на антикорупција во приватниот сектор

 

Донор: Европска Комисија

Партнери: INCEPTUM, Развоен Центар за Претприемачки потенцијали Лтд, Асоцијација на граѓани ‘Независно биро за развој’ (IBD) Градачац, Иницијативи

Период: 12 месеци (Јануари 2010 – Декември 2010)

Целна група: Директната целна група на проектот се млади претприемачи во сите земји на Западен Балкан (Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Косово, и Србија) кои неодамна започнале бизниси или имаат намера да започнат бизнис.

Опис на активности: Да се направи ефективен придонес од страна на цивилното општество во борбата против корупцијата во бизнис секторот, и во промовирањето на култура на етички одговорно претприемништво кај младите.

Постигнати резултати: Цивилното општество во 7 земји, мобилизирани за темата антикорупција и одговорно претприемништво кај младите; ефективно адресирање ма темата корупција во приватниот сектор; свест за корупцијата подигната кај младите претприемачи и промовирана култура на одговорно претприемништво кај младите луѓе.

 

 

 

2009

1. Креирање на работни места преку поддршка на МСП секторот

 

Донор: SPARK
Период: 12 месеци (1 декември 2009 – 30 ноември 2010)
Целна група: Млади претприемачи; млади луѓе кои сакаат да бидат претприемачи (Посебен фокус на жени);млади невработени (посебен фокус на жени)
Опис на активности: Намалување на стапката на невработеност кај младите луѓе како директен начин за креирање и задржување на одржливи нови работни места
Постигнати резултати: До 15-20 нови бизниси уште најмалку толку работни места креирани преку 4 циклуси за започнување бизнис и до 40 ново-формирани работни места во до 25 компании водени од млади луѓе преку субвенции за нови вработувања.

 

2. Работилница на тема инвестициска спремност на секторот за висока технологија во земјите на Југо-Источна Европа

 
Донори: SPARK
Партнери: SENSI мрежата, ECAbit мрежата
Период: Септември 2009 – Декември 2009
Целна група: Официјални претставници на земјите, претставници на донорски организации, мали и средни претпријатија кои работат во секторот за висока технологија, фирми – станари на ПСМ инкубаторот, и други инкубатори, членки на SENSI мрежата
Опис на активности: Создавање на свест за објективните можности и негативни страни на секторот за висока технологија, земајќи ги предвид околностите во регионот кои водат кон разбирање на можностите за одржливо позиционирање на овој сектор на глобалниот пазар користејќи пристап до финансиски можности.
Постигнати резултати: Создавање на колку што е можно повеќе нови бизниси, подигајќи ја свеста за претприемништвото кое ќе стане алатка за намалување на стапката на невработеност.

 

3. Глобална Недела на Претприемништво 2009 - Македонија (www.gew.com.mk)

 

Партнер: Агенција за поддршка на претприемништвото во Република Македонија (АППРМ– www.apprm.gov.mk)
Период: 16 ноември 2009 – 22 ноември 2009
Целна група: Генералната јавност, вклучувајќи: универзитети, невладиниот сектор, интернационални организации, бизнис секторот и сите други организации и институции чија дејност е стимулирање на претприемиптвото во регионот
Опис на активности: Организирани повеќе од 70 настани во 10 градови во Македонија во насока на стимулирање на претприемничкиот дух и адресирање на генералната јавност за неговата важност.
Активности: Натпревар во бизнис план, Обуки, Презентации, Трибини, Семинари, Работилници, Форуми, Регионални конференции, Креативност, Иновација http://www.gew.com.mk/index.php?option=com_eventlist&view=categories&Itemid=77&lang=en)
Постигнати резултати: Анимирање на над 4000 млади луѓе ширум Македонија за претприемништвото и можностите за само-вработување, јакнење на нивните бизнис познавања преку обуките како и информирање на бизнис и владиниот сектор за значењето на претприемништвото за развојот на македонската економија

 

4. Одговорно претприемништво за млади: Стимулирање на анти-корупциска култура кај приватниот сектор

 
Донор: Програма за развој на обединетите нации (УНДП)
Период: Октомври 2009 – Јануари 2010
Целна група: 80 млади претприемачи,сопственици на бизниси и НВО
Опис на активности: Истражување на бизниси водени од млади луѓе и потенцијални млади претприемачи за нивните перцепции и ставови кон корупцијата; три еднодневни семинари (комбинирани со прес) во три различни градови, за млади бизниси, НВО и цивилното општество, претставници на властите, извештај за корупција во бизнисот како предизвик за одговорно претприемништво кај младите, со препораки до владата,бизнисите, и цивилното општество (да се комбинираат резултатите од истражувањето, а и да се направи дополнително истражување); изработка на модул за обуки за одговорно претприемништво кај младите, промовирано и дистрибуирано до заинтересираните бизнис инкубатори и останати НВО кој се занимаваат со развој на бизнисот во земјата.;
Постигнати резултати: Поодговорно претприемништво кај младите и НВО кои работат со млади претприемачи ќе бидат подобро подготвени да ја адресираат проблематиката на корупцијата во бизнис секторот; Охрабрување на креирањето услови за поодговорно претприемништво кај младите, како начин до помалку корумпирани бизниси и општества.

 

5. Исток Исток: Програма Партнерство за прекугранична соработка

 

Донори: FIOOM
Партнер: BIT Centre, BiH и SENSI Network
Период: Февруари 2009 – Ноември 2009
Целна група: Иновативни центри, компании клиенти во иновативните центри, локална и централна власт
Опис на активности: Организација на на работата на проектните партнери преку заедничка соработка и почетен состанок, ораганизација на една од регионалните работилници во Босна, собирање податоци и компаративна анализа, организација на тематска конференција во Македонија со цел да се презентира резултатот од проектот пред претставниците на властите во земјите и лобирање за поддршка на концептот за подобра бизнис клима.
Постигнати резултати: Испитани и воспоставени фактори како креирани работни места од страна на инкубаторите, компаниите- клиенти во инкубаторите и дипломираните компании, иновација на производ, број на почетни бизниси, успешни достигнувања на бизнис инкубаторите и фирмите во нив, како и влијанието кое го има на економскиот развој и локалната заедница.

 

6. Анализа на специфичните потреби за промоција на вработувањето на млади луѓе и жени на локално/регионално ниво во четирите региони предвидени за РЕР (регионален економски развој) во програмата (исток, југо-исток, полог и југо-запад)

 
Донор: Германската Агенција за Техничка Соработка (GTZ) Програма за регионален економски развој во Македонија (GTZ RED)
Период: Април 2009 – Октомври 2009
Целна група: Млади образовани невработени луѓе, повеќето од кои се жени
Опис на активностите: Директни програми за невработени (тренинг за развивање на вештини и работни места, тренинг за компании, субвенции за почетни бизниси и практична работа) и индиректни програми за подобрување на образовниот систем и креирање на нови образовни институции (образовни центри, Универзитети и факултети) и поедноставување на пристапот кон пазарот
Постигнати резултати: Да се избегнат дупли трошоци за имплементација на програмите, залудно трошење на човечки ресурси и преклопување на планирање и имплементација на истите програми, во еден регион. Да се придонесе за јасна и конкретна дистрибуција на улогите и одговорностите помеѓу јавниот, приватниот и цивилниот сектор, но и за покоординиран пристап во промоцијата на вработувањето на младите луѓе и жените во Република Македонија. Ова е основата каде се дефинира улогата на GTZ RED во регионалниот развој, во насока да се постигне индикаторот 3 од компонентата 3: “Во најмалку три програмски региони, општини и центри за регионален развој кои користат специфични алатки за промоција на вработувањето на жените и младите луѓе.

 

7. CISCO Претприемачки Институт (Обуки за млади, невработени луѓе)

 

Донори: USAID/MLGA, Општина Гази Баба
Времетраење: 15 јуни – 31 декември 2009
Целна група: 60 млади, невработени луѓе од општина Гази Баба
Опис на активности: Целта на овој проект е да им се претстави на младите светски позната програма на обуки развиена од CISCO Претприемачки Институт кој има за цел да ги научи локалните претприемачи на вештините кои им се потребни за успешно да водат мал или среден бизнис. За таа намена, обуки се одржуваат на следниве теми: Бизнис потенцијал, Пишување на бизнис план, Важноста да се користи ИКТ во бизнисот, Организација, Лиценци и дозволи, Осигурување, Локација и лизинг, Сметководство и готовински тек, Како да финансираш бизнис, Е-трговија, Купување на бизнис или франшиза, Вработување, Маркетинг, Растење и справување со проблеми, Интернационална трговија
Постигнати резулати: Двајца вработени во ПСМ станаа сертифицирани обучувачи за курсот Започнување бизнис, развиен од CISCO Претприемачки Институт и работеа на развивање на методологијата, како и преведување и прилагодување на материјалите во согласност со македонскаа легислатива и бизнис правила. Долгорочната цел на овој проект е да се дојде до еден напреден степен на бизнис знаење и способности во насока на основање на бизниси од страна на млади луѓе, што ќе доведе до намалување на стапката на невработеност.

 

8. Обуки на тема “Започнување бизнис” за Ромската популација

 

Донор: Амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје
Партнер: Ромскиот Деловен и Информативен Центар
Времетраење: 14 – 22 април 2009
Целна група: Група од 11 млади, невработени луѓе (од 18 до 30 години), од Ромската популација, со недостаток на бизнис знаење и вештини
Опис на активности: Развивање на методологија и концепт за обуки за развивање на бизнис вештини со цел да се стекне основно бизнис знаење, истовремена помош за време на обуките за спремање на бизнис план, како и наградување на најдобрите три бизнис планови со цел стимулирање на ново-создадени бизниси ос страна на младата ромска популација.
Следните модули беа опфатени: Претприемач и претприемништво, За што служи бизнис планот?, Визија, мисија и цели, Што всушност го продава вашиот бизнис план- резиме, Пазар, маркетинг и продажни техники, Менаџмент, Човечки ресурси, Трговско право и различни типови на организации и Финансирање
Постигнати резултати: Зголемено бизнис знаење за започнување на сопствен бизнис, развивање на вештини за пишување на бизнис план и креативност на работното место. Ова евентуално ќе води кон зголемување на бизнис знаењето и вештините кај младите, невработени Роми и намалување на стапката на невработеност.

2008

1. Име на проект: Компјутерска лабораторија за пред-инкубација и обуки во бизнис инкубаторот

 
Донори: Western Union, Извозна и кредитна банка (ИК Банка) и Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ)
Период: ноември 2008 - ноември 2009
Целна група: Создавање на група од 30 образовани млади луѓе, со знаења од областа на бизнисот со што ќе можат полесно да најдат работа или основаат сопствен бизнис
Опис на активности: создавање на state of the art компјутерска лабораторија во ПСМ бизнис инкубаторот за изведување на бизнис, soft skills и ИКТ обуки. Обуките се наменети за млади, потенцијални претприемачи за зголемување на нивното практично знаење и започнување и развивање на сопствен бизнис. Целта на проектот е да ги подучи ИКТ и останатите студенти од техничките факултети како да развијат успешни бизниси.
Постигнат резултат: Зголемување на знаењето, бизнис способности во насока на креирање на успешни бизниси за младите, кои водат кон намалување на невработеноста и спречување на одливот на мозоци

 

2. Име на проект: Млади во Акција  


Донори: Европска Комисија, Фондација Институт Отворено Општество Македонија
Период: 1 декември 2008 – 1 јули 2009
Целна група: млади луѓе на возраст од 18 до 25 години од земјите на Европска Унија и Југоисточна Европа (Шведска, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Летонија)
Опис на активности: Промовирање на претприемништвото помеѓу младите луѓе од земјите од Европска Унија и Југоисточна Европа преку дискутирање на ситуацијата во споменатите земји во однос на претприемништвото помеѓу младите како и постоечката иновативна инфраструктура. Организирање на дискусии, форуми и семинар како да се подобри истата и како младите да почнат посериозно да размислуваат за претприемништво и само-вработување.
Постигнат резултат: Анимирање на 30 млади луѓе од споменатите земји преку игри, отворени дискусии , форуми, блогови и надминување на културните разлики и увидување дека сите наидуваат на слични проблеми во анимирањето на младите за претприемништво и само-вработување. Заеднички весник и ДВД преку кои се испраќа порака дека треба да се направат дополнителни програми и напори за уште поголема промоција на претприемништвото и само-вработувањето помеѓу младите.

 

3. Име на проект: Глобална недела на претприемништво 2008 (www.gew.com.mk)

 

Партнер - Проект Зајакнување на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста (www.seciproject.org.mk)
Период: 17 – 23 ноември 2008,
Целна група: целокупната македонска јавност вклучувајќи ги високообразованите млади луѓе, владиниот и невладиниот сектор, интернационалните организации, универзитетите и сите организации кои работат во насока на стимулирање на претприемништвото како и целокупниот бизнис сектор
Опис на активности: организација на повеќе од 40 настани во над 10 градови ширум Македонија со цел поттикнување на претприемништвото и информирање на генералната јавност за значењето на истиот. Активности: Натпревари во бизнис план, обуки, презентации, семинари, панел дискусии, форуми (http://www.gew.com.mk/mk/index.php)
Постигнат резултат: Анимирање на над 4000 млади луѓе ширум Македонија за претприемништвото и можностите за само-вработување, јакнење на нивните бизнис познавања преку обуките како и информирање на бизнис и владиниот сектор за значењето на претприемништвото за развојот на македонската економија.


4. Име на проект: Млади и инкубација, шанса за подобра иднина

 

Партнери – ИнфоДев, Технолошки и Бизнис Инкубатор - Романија , Софтверски Инкубациски Центар Темишвар – Романија, Центар за бизнис развој и поддршка – Ерменија, Фондација на Инкубатори – Ерменија, Фонд за апликативно истражување и комуникација – Бугарија, Центар за започнување на сопствен бизнис при Техничкиот факултет Битола- Македонија, Шарек Младински Форум – Палестина, Бизнис Инкубатор “Карков Технологии” – Украина, Кипус Фондација – Боливија, Кулим Технолошки Парк – Малезија, Академска Тренинг Асоцијација Сараево – Босна и Херцеговина, Бизнис Инкубатор СОДБи- Киргистан, БИЦ Ниш- Србија
Период: декември 2008 – декември 2009
Целна група: Иновативни центри од мрежата на ИнфоДев од Југоисточна Европа и Централна Азија
Опис на активности: креирање на база од иновативни центри од Југоисточна Европа и Централна Азија кои имаат за цел поттикнување на претприемништвото помеѓу младите луѓе, креирање на оперативен тим кој ќе ги собира искуствата од сите членки во базата, дисеминација на добиените резултати и одговори во форма на предлози за подобра поддршка на претприемништвото како и електронска дисеминација на резултатите на сите членки на мрежата на ИнфоДев.
Постигнат резултат: Креирање на база на податоци од иновативни центри и знаења, практики и искуства во областа на поттикнување на претприемништвото помеѓу младите која постојано ќе се обновува и подобрува со цел да стане водич на иновативните центри за успешно стимулирање на претприемништвото помеѓу младите.

 


5. Име на проект: Програмски активности на бизнис инкубатори како дел од Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2008

 

Донор: Министерство за економија
Период: 22 декември 2008 - 22 март 2009
Целна група: млади образовани луѓе на возраст од 18-28 год
Опис на активности: Стимулирање на претприемништво помеѓу младите и поддршка за започнување на сопствени бизниси преку пренесување на бизнис знаење и вештини кои се стекнуваат на обуките, наменети за млади, образовани, невработени луѓе
Постигнат резултат: ПСМ Бизнис Инкубаторот има за цел да го зајакне локалниот иновативен систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото меѓу младите, нудејќи им комплементарни активности кои би го олесниле формирањето на нови претпријатија и нови бизнис потфати



6. Име на проект: ЦРБ/ЈИЕУ-ПСМ бизнис инкубатор


Донори: Универзитет Југоисточна Европа (ЈИЕУ) и Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ)
Период: 27 февруари 2008 – 31 декември 2008
Целна група: студенти од ЈИЕУ, како и млади луѓе од Тетово и Гостивар
Опис на активности: обуки за пишување на бизнис план, како и отворање на бизнис инкубатор
Постигнат резултат: помош и поддршка на младите во реализација на своите бизнис идеи преку бизнис инкубаторот кои им нуди широк спектар на услуги за младите претприемачи во регионот на Тетово и Гостивар.

2007

1. Име на проект: Прептриемачки обуки и пишување на бизнис план

 

Донор: Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ)
Период: фебруари 2007 – септември 2007
Целна група: 120 млади, образовани луѓе
Опис на активности: Обуки: Стратегија и планирање, Лидерски способности, Организациски способности, Управување со време, Извозен маркетинг, Продажни техники, Презентациски техники, Маркетинг и проектен менаџмент, менторство за пишување бизнис план, поднесување на бизнис планови и наградување на најдобрите три бизнис планови.
Постигнати резултати: Помош и поддршка на младите во реализација на бизнис идеи преку унапредување на нивното бизнис знаење и вештини