Skip Navigation LinksПочетна / ПСМ Фондација / ПСМ бизнис инкубатор

ПСМ бизнис инкубатор

Аплицирај со своја бизнис идеја тука!


Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) со главна компонента бизнис инкубатор за поддршка на микро, мали и средни претпријатија од областа на информационо-комуникациските технологии преку процесот на бизнис инкубација овозможува пристап до услуги наменети за забрзување на нивниот раст и развој.   

 

Членките на инкубаторот имаат корист од:

 

  • * бенефицирани цени за бизнис канцеларија,
  • * право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки,
  • * совети во секојдневните операции,
  • * обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за водење бизнис,
  • * менторирање од страна на домашни и странски врвни експерти, претприемачи и консултанти,
  • * промоција,
  • * посредување при финансирање,
  • * поврзување со клиенти,
  • * организирање настани за вмрежување и интернационализација.